Контакт

Вести

Палестинските безбедносни сили уапсиле десетици припадници на Хамас

Објавено пред

– Палестинските безбедносни сили на Западниот брег врша претреси во потрага по членови на Хамас

dobivaj vesti na viber

Палестинските безбедносни сили во енклавата Западен брег (на реката Јордан), ноќта кон петокот уапсиле десетици припадници на исламистичкито движење Хамас под обвинение дека сакале да предизвикаат хаос, додека Израел кој тајно преговара со оваа група ја обвини дека ѝ дава поддршка на џихадситичката организација Исламска држава.

Палестинските безбедносни сили во енклавата Западен брег (на реката Јордан), ноќта кон петокот уапсиле десетици припадници на исламистичкито движење Хамас под обвинение дека сакале да предизвикаат хаос, додека Израел кој тајно преговара со оваа група ја обвини дека ѝ дава поддршка на џихадситичката организација Исламска држава.

Десетици припадници на Хамас се уапсени во рациите изведени ноќта кон петокот од страна на палестинските безбедносни сили, што е најголемата операција од овој вид од 2007 година, кога непријателствата меѓу Фатах и Хамас за малку не доведоа до палестинска граѓанска војна. Аднан ал-Дмаири, портпарол на Палестинската самоуправа, изјави за AFP дека припадниците на Хамас планирале да предизвикаат безредија, но не го појаснил детално ова тврдење.

Исламистичкото движење Хамас ја контролира другата палестинска енклава Појасот Газа и е жесток ривал на Фатах кој ја има власта на Западниот брег. Иако претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, по повеќегодишните непријателства во 2014 година го вклучи Хамас во владата на палестинското единство, што беше осудено од Израел, недовербата меѓу двете групи и натаму е силно изразена. Неодамна беше распуштена и владата, откако се појавија обвинувањата дека Хамас преговара тајно со Израел.

„Ги уапсивме поради сослушување или поради обвиненија коишто се темелат на докази дека ја загрозувале палестинската внатрешна безбедносна стабилност и се обидувал да го вовлечат регионот и нас во воена конфронтација и да ја уништат областа“, обвинил Дмаири.

Според тврдењата на Хамас, пак, 108 негови членови се приведени во текот на споменатата операција. Од Хамас тврдат дека акцијата на Западниот брег е политички мотивирана и координирана со Израел.

„Акциите на тие колаборационистички служби нема да го скршат движењето, ниту да го ослабат отпорот. Повикуваме на итно ослободување на затворениците и предупредуваме на последиците од тие непатриотски мерки“, изјави портпаролот на Хамас, Абу Зухри.

Портпаролката на израелската армија соопшти дека немаат информации за апсењата, коишто се случија два дена откако Израел обвини 40 припадници на Хамас кои живеат на Западниот брег, дека планирале напади врз Израел.

Висок израелски офицер ги обвини припадниците на Хамас за давање помош на милитантите поврзани со Исламската држава на Синајскиот полуостров, кој граничи со Појасот Газа, каде што последните денови се водат жестоки борби меѓу џихадистите и египетската армија, во кои се убиени повеќе од стотина исламистички милитанти. Генералот мајор Јоав Мордекај, кој е одговорен за израелската цивилна политика кон Газа, ги спомена припадниците на военото крило на Хамас, за кои тврди дека се вклучени во обучувањето на борците на Исламската држава и за извлекување на ранетите милитанти од Синај во Газа на лекување.

Египетските сили, инаку, освен во северниот дел на Синајскиот полуостров, ја имаат контролата на границата кон Израел и Газа, но се претпоставува дека постојат уште тајни подземни премини под границата, кои Египет уште не го открил и уништил.

Хамас, движење кое инаку изникнало од исламистичкото историско панарапско движење Муслиманско братство, кое од 2014 година е ставено надвор од законот во Египет, порано ги отфрлаше ваквите обвиненија кои доаѓаа од Египет. Неговите претставници ја негираат вклученоста во терористичките напади на исламистите во Египет, тврдејќи дека целта на изјавите на израелскиот генерал Мордекај е да ги ослаби врските на Хамас со Каиро.

„Безбедносните сили во Газа ја надгледуваат границата и ги оневозможуваат сите движења од и во Газа преки граничната линија. Таквите глупави израелски обвинувања нема никого да измамат“, коментира за Reuters, хамасовиот портпарол Зухри./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија14 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија15 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ17 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија18 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет19 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет20 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет20 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион21 час

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет21 час

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...