Вести
Папата ги повика муслиманските челници да го осудат тероризмот
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ги повика сите муслимански верски и политички челници, како и муслиманските интелектуалци, јасно и недвосмислено да го осудат исламистичкиот тероризам.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ги повика сите муслимански верски и политички челници, како и муслиманските интелектуалци, јасно и недвосмислено да го осудат исламистичкиот тероризам.
На конференцијата за новинарите коишто ја следеа неговата тридневна посета на Турција, одржана во неделата вечерта во авионот со кој од Истанбул се враќаше во Рим, папата Франциск на прашањето за тероризмот од странана џихадистичките групации како Исламската држава и „исламофобијата“ којашто ја создава, изјави дека ја барал таквата недвосмислена осуда во текот на разговорите од петокот со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесе репортерот на AFP.
„Му кажав дека би било убаво сите муслимански политички, верски и универзитетски челници во светот јасно да се изјаснат и да го осудат насилството коешто му штети на исламот. Тоа би им помогнало на мнозинството муслимани, кога би дошло од устите на политичките, верските и универзитетски првенци. На сите ни е потребна глобална осуда на таа појава“, порача папата римски.
Папата Франциск ги осуди, исто така, и оние коишто зборуваат дека сите муслимани се терористи, како што не може да се каже и дека сите христијани се фундаменталисти. Во текот на својата тридневна посета на Турција, папата ја осуди и христајанофобијата којашто се појавува во некои доминантно муслимански земји, како и бруталното протерување на христијаните од Блискиот исток./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.