Контакт

Вести

Папата во Турција за помирување со православните и прогонот на христијаните

Објавено пред

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск во петокот ја започнува посетата на Турција каде што планира да ги продолжи своите поттикнувања за помирување со Православната црква, промовирање на дијалогот со исламот и да му се даде надеж на загрозеното христијанско малцинство на Блискиот исток.

dobivaj vesti na viber

Поради терористичките закани, папата Франциск во Турција ќе се превезува во блиндирано возило, иако од Ватикан тврдат дека причината за откажувањето од отворениот „папамобил“ не е од безбедносен карактер, туку дека во Турција не се очекува да се собираат луѓе коишто би стоеле крај патот да му посакаат добредојде.

По пристигнувањето на авионот на Папата рано попладнето на аеродромот во турската престолнина Анкара, по официјалниот свечен дочек на аеродромот, Франциск ќе го посети мавзолејот на основоположникот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Папата Франциск потоа ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во новата раскошна претседателска палата, чиешто градење чинеше 615 милиони американски долари и има илјада простории. Потоа Папата ќе ја посети Управата за религии – Дијанетот, каде што ќе се сретне со нејзиниот челник Мехмед Гормез.

Во сабота, на 29-ти ноември папата Франциск ќе го посети Истанбул, каде што ќе ја посети главната христијанска светија соборниот храм Света Софија (Црквата на светата Мудрост) своевремено најголемиот храм во христијанскиот свет којашто по османлиското освојување на Цариград во 1453 година е претворена во џамија па потоа во музеј во 1935 година, а пота и централна истанбулска џамија Султанахмет, на султанот Ахмед позната и како Сината џамија, католичката катедрала и грчката патријаршија во квартот Фенербахче. Исто така, Папата ќе се сретне и со поглаварот на Цариградската патријаршија Вартоломеј Први.

Во недела, духовниот водач на католиците ќе ја продолжи посетата на црквите во Истанбул. Тогаш се одбележува празникот на апостолот свет Андреј, кој е небескиот заштитник на Константинополската патријаршија. Во таа пригода во патријаршиската црква Свети Георги ќе биде богослужена Божествена литургија, а потоа папата Франциск и патријархот Вартоломеј Први ќе ја потпишат заедничка екуменска декларација.

„Се радувам на оваа средба и од неа многу очекувам. Голема е нејзината симболична вредност“, изјави Волфганг Тоенисен од Институтот за екуменизам во германски Падерборн.

Папата Франциск ќе биде четвртиот понтифик кој ја посетува Турција. Претходно тоа го сторија папата Павле Шести во 1967-та, во 1979 година Турција ја посети папата Јован Павле Втори а последен папа кој ја посети оваа земја беше Бенедикт Шеснаесетти во 2006 година.

Јакнењето на врските со Православната црква којашто се одвои од Рим со расколот во 1054 година ќе биде централната тема на посетата на Папата на Турција. „Ние не сме различни религии. Ние сме браќа кои израснаа раздвоени. Но и двајцата го следеле патот кој им го одредил Господ“, изјави цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј Први за италијанскиот католички неделник Famiglia Cristiana, во пресрет на посетата на Папата.

Папата е апсолутен поглавар на Католичката црква, но помирувањето го отежнува фактот што Вартоломеј Први всушност е само симболичен челник на православниот свет и не може да ја наметнува својата волја на поглаварите на десетиците автокефални православни цркви.

Напорите за помирување на двете цркви започнаа во 1964 година, кога папата Павле Шести се сретна со цариградскиот патријарх Атенагора во Ерусалим и тие двајца ги поништија меѓусебните екскомуницирања. Тоа беше првата средба на поглаварите на двете цркви по повеќе од половина милениум и почеток на долгоочекуваниот процес на помирување. Годинава, исто така во Ерусалим, Франциск и Вартоломеј Први ја одбележаа педесетгодишнината на оваа историска средба.

Цариградскиот патријарх во споменатото интервју вели дека за завршување на овој процес ќе биде потребно „труд, трпение, молитви, љубов од двете страни, почитување и духот на меѓусебно посакување добредојде“.

Пред посетата на Франциск на Турција, портпаролот на Ватикан, отец Фредерико Ломбарди, изјави дека Папата веројатно ќе се сретне и со претставниците на христијанските бегалци од Ирак и од Сирија, откако плановите да ги посети преку границата во курдските делови на Ирак пропаднаа од безбедносни причини.

Бројката на христијаните на Блискиот исток се намалува со децении, но во последно време дојде до масовен егзодус на христијаните особено од Ирак и од Сирија поради напредување на сунитските исламисти и особено на бруталните радикални групации како Фронтот ан-Нусра и особено џихадистичката Исламска држава. „Не можеме да го замислиме Блискиот исток без христијаните“, изјави во октомври папата Франциск.

Патријархот на Калдејската католичка црква во Ирак, Луи Рафаел Сако ги спореди нападите на Исламската држава врз христијаните и врз етничко религиската малцинска група со курдско потекло Јазиди во Ирак со нацистичкиот прогон на Евреите. „Тие варварски дела кои ќе останат дамка во човековата историја, ги поттикнуваат организации и идеологии слични на нацистичката и на другите тоталитарни политички филозофии“, истакна Сако.

Долгогодишниот американски известувач од Светата столица, Џон ален, смета дека загрозените блискоисточните христијани бараат зборови на охрабрување. „Клучно прашање пред тридневната посета на Папата е дали по неговото заминување христијаните ќе почувствуваат дека се во подобра позиција отколку што беа“, пишува Ален на порталот Crux Catholic.

Папата Франциск посетата на доминантно сунитската исламска Турција, исто така, ќе ја посвети и за натамошна промоција на дијалогот со исламот. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија3 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија4 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија5 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија6 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа6 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија7 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион7 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет7 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија8 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија8 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија8 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион9 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет9 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет9 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион11 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион11 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија23 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија24 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија1 ден

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...