Вести
Пекинг: Американскиот противракетен штит во Јужна Кореја ги загрозува кинеските интереси
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/koreja-3.jpg)
Поставувањето на американскиот противракетен систем на Корејскиот полуостров како одговор на балистичката и нуклеарна програма на Северна Кореја, би ги загрозило стратешките интереси на Кина, порача во понеделникот официјален Пекинг чие министерство за надворешни работи ги повика САД Северна Кореја да седнат на преговарачка маса и директно очи в очи да ги решат своите проблеми.
САД и Јужна Кореја минатата седмица најавија преговори за инсталирање на системот THAAD (Therminal High Altitude Area Defense), по нуклеарната проба на Северна Кроеја во јануари и лансирањето на балистички проектил во почетокот на февруари.
„Силно се спротиставуваме на обидите на споменатите земји да го повредат стратешките и безбедносни интереси на Кина, користејќи ги како изговор нуклеарните прашања“, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи на редовната прес-конференција во Пекинг.
Кина е многу загрижена поради можното распоредување на системот THAAD, додаде Хонг и изјави дека системот покрива подрачја на дејствување надвор од потребите за одбрана на Кинескиот полуостров.
Системот THAAD истрелува ракети кои ги пресретнуваат и уништуваат балистичките ракети малку надвор од атмосферата или веднаш штом ќе влезат во неа, во текот на последната фаза на летот.
Пекинг, како и претходно Москва, тврди дека антиракетниот штит, исто така, ќе придонесе и за трката во вооружување на Корејскиот полуостров и во регионот. Кина го повика амбасадорот на Јужна Кореја во Пекинг, откако Сеул најави разговори со САД, кои би требало да почнат оваа седмица.
Иако Пекинг е лут на Пјонгјанг поради тоа што не бил известен за пробата и лансирањето, смета дека САД и Северна Кореја мора директно да ги решат своите несогласување.
„Најголемиот спор во нуклеарното прашање е меѓу САД и Северна Кроеја. Ги повикуваме САД и Северна Кореја да седнат, да воспостават комуникација и да започнат преговори за да ги истражат начините за решавањето на спорните прашања и на крајот да ја постигнат целта која сите сакаме да биде постигната“, порача портпаролот на кинеската дипломатија Хонг.
Иако Пјонгјанг тврди дека лансирањата имаат цивилна цел, Сеул и Вашингтон соопштија дека таа со тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност, бидејќи користела балистичка ракетна технологија./крај/мф/сн
Извор: Reuters/AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.