Контакт

Вести

Пентагон: Бомбардирањето на болницата во Кундуз не е воено злосторство, туку грешка

Објавено пред

Бомбардирањето на болницата на хуманитарната организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF) во авганистанскиот град Кундуз, кој го изврши американската армија во октомври минатата година при што загинаа 42 луѓе, не е воено злосторство туку сплет од стоrени грешки, соопшти во петокот генералот Џозеф Вотел.

dobivaj vesti na viber

„Истрагата заклучи дека некои припадници на воениот персонал не ги следеле правилата на борбеното дејствување и одредбите од законот за вооружените судири. Меѓутоа, истрагата не заклучи дека тие грешки претставуваат воено злосторство“, изјави генералот Џозеф Вотел претставувајќи ги резултатите од истрагата пред новинарите акредитирани во Пентагон.

„Военото злосторство, како термин, се однесува на намерно сторен чин, како што е намерно целење на цивили, како и места и објекти кои уживаат заштита и не смеат да бидат цел на напад“, појасни командантот на Централната команда на американската војска чија зона на одговорност ги опфаќа Блискиот исток, северна Африка и централна Азија.

„И уште еднаш, истрагата заклучи дека инцидентот е резултат од комбинација на човечки грешки во процесот и технички пропуст, како и дека ниеден припадник на воениот персонал не знаел дека гаѓа болница“, додаде Вотел, истакнувајќи дека американската војска покренала дисциплински мерки против 16 свои припадници, вклучително и еден генерал. Станува збор за суспендирање оддалечување од командата, укори и повторна обука.

Специјалните американските сили на 3-ти октомври 2015 година ја бомбардираа болницата на MSF додека авганистанските регуларни сили се обидуваа да го заземат Кундуз, стратешки град кој извесно време беше во рацете на талибаните. Во тој напад се убиени 42 лица.

Поради нападот, повеќе од 170 поединци и семејства парична отштета, 3.000 долари за секое рането и 6.000 за секое загинато лице. За целосно обновување на болницата издвоени се 5,7 милијарди долари.

Лекари без граници остро реагираа своевремено обвинувајќи дека станува збор за голем превид на американските сили, и оти станува збор за воено злосторство и кршење на законите и обичаите на војување.

Имено, првата бомба паднала во 2,10 часот на 3-ти октомври утрото, а персоналот на MSF се јавил во штабот на НАТО во Кабул во 2,19 часот, а воените функционери во Вашингтон ги информирале неколку минути подоцна, но бомбардирањето продолжило сé до 3,13 часот, изјавија од Лекари без граници.

Се водеа три истраги, покрај американската и авганистанска и на НАТО, а од вторите две засега не се соопштени сознанијата. Меѓутоа, MSF и натаму инсистираат за овој случај да биде отворена меѓународна истрага./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија21 минута

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија9 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија12 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија14 часа

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија17 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија17 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија18 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет19 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија20 часа

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија20 часа

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа22 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет22 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа22 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет23 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа23 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа24 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 ден

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа1 ден

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија1 ден

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...