Вести
Пентагон има подготвено оружје на електромагнетен пулс

Војската на САД потврди дека развива ново несмртоносно оружје базирано на технологијата на електромагнетен пулс, досега познато само од научно-фантастични филмови, книги и видео игри.
Проектот CHAMP (кратеница од проект на силен противелектронски проектил) претставен е минатата недела на првиот „Лабораториски ден“ на војската на САД.
Пентагон покажа бројни воени новости, а меѓу нив се истакна CHAMP кој при детонација на сакана територија ослободува силен електромагнетен пулс (EMP) и ги оневозможува елетронските апарати.
CHAMP не треба да се спроедува со поранешните EMP проекти тестирани по Студената војна, кои се развивани за да онеспособат цели енергетски и информатички системи во големи региони. Овој проект се фокусира на помали цели.
Американската авијација со користењето на овие проектили може да го `изгаси светлото` и да го оневозможи системот за комуникација во терористичките бази, не загрозувајќи ги животите на цивилите.
Оружјето го развива „Boeing”, а објавено е дека проектилот е успешно тестиран уште во 2012 година во Јута, каде успешно ги исклучил сите компјутери во една зграда.
„Оваа технологија отвора ново поглавје во војувањето. Во блиска иднина ќе можеме да го користиме ова оружје за да ги оневозможиме сите електронски ситеми на противникот и пред нашите трупи да стигнат таму“, вели Кит Колман, менаџер на програмата CHAMP.
Во последните три години технологијата значително напредна и во Пентагон велат дека веќе се подготвени за настап на воените подрчја. Со неа ќе се користат припадниците на авијацијата, каде ќе се монтираат на `невидливите` проектили со долг домет./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.