Контакт

Вести

Пентагон: Русија гарантира дека во конвојот нема војници

Објавено пред

Aмериканското министерство за одбрана соопшти ноќта кон саботата дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу гранатирал дека нема војници во хуманитарниот конвој што Русија го испраќа во зафатените од конфликтот источни региони на Украина, а истовремено кабинетот на украинскиот претседател Петро Порошенко објави дека украинските граничари заедно со претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на рускиот дел од граничниот премин ќе го прегледаат товарот на хуманитарниот конвој.

dobivaj vesti na viber

„Министерот (за одбрана на Русија, Сергеј) Шојгу, даде гаранции дека нема руски војници во хуманитарниот конвој, и дека тој нема да биде искористен како изговор за натамошна влегување (на руска војска) во Украина“, се истакнува во соопштението на Пентагон што го цитира AFP.Истовремено, заменикот на шефот на администрацијата на украинскиот претседател, Валериј Чалиј, соопшти дека Украина испратила припадници на пограничната полиција заедно со претставници на ОБСЕ на рускиот пограничен премин да го контролираат хуманитарниот товар, објави интернет страницата на претседателот на Украина, Петро Порошенко.Откако во средата украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека Украина нема да го дозволи влезот на рускиот хуманитарен конвој низ Харковскиот регион, кој е под контрола на украинската армија, 280-те камиони се упатија кон друг премин, Каменск-Шахтерск во Ростовската област, на околу 90 километри од украинскиот град Луганск за чиешто население е наменета помошта. Истовремено, портпаролот на украинскиот претседател Свјатослав Цеголко потврди дека украинските погранични полицајци и цариници, заедно со претставници на ОБСЕ, ќе го прегледаат товарот на границата по што конвојот ќе биде следен низ територијата на Луганската област којашто е под контрола на проруските бунтовници, а по пристигнувањето во Луганск, каде што повеќе од 400 илјади луѓе две седмици се без електрична енергија, вода за пиење и лекови, а веќе се при крај и резервите, помошта на цивилите ќе им ја делат претставници на Црвениот крст.Конвојот со руска хуманитарна помош за југоисточна Украина, во вторникот тргна од местото Алабино, во Подмосковје. Него го сочинуваат 280 камиони со околу две илјади тони хуманитарна помош, или како што прецизираше руското министерство за надворешни работи – 400 тони житарки, 100 тони шеќер, 62 тони храна за бебиња, 54 тони медицински материјали и лекови, 12 илјади вреќи за спиење и 69 електрични агрегати со различни капацитети и други продукит.Пред тргнувањето на конвојот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека по дводневните интензивни преговарања со Украина, Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) била договорена и прецизирана шемата при што биле вброени сите барања на Киев, вклучително и маршрутата по која ќе се движи конвојот и дека тој на украинската територија ќе биде означен со украински ознаки./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Владата нама да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија3 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија3 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија4 часа

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија5 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија5 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија5 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија6 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија6 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија7 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет7 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет7 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа8 часа

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија8 часа

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија9 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија15 часа

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија19 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија1 ден

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија1 ден

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија1 ден

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...