Вести
Пет млади умреа на концерт на фестивалот Time Warp
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/argenrtina20festival.jpg)
Пет млади луѓе умреа и уште пет се хоспитализирани во саботата во тешка состојба во аргентинската престолнина Буенос Аирес по труење со дрога во текот на еден од најголемите фестивали на електронска музика на светот – Time Warp.
Според првичните информации, две лица починале во салата во комплексот „Costa Salguero“, каде што се одржувал концертот, едно починало во возило на брзата помош и уште две веднаш откако биле донесени во болница.
„Сите настрадани се во критична состојба, тие се приклучени на вештачки бели дробови“, изјавил за агенцијата Telam шефот на службата за инта медицинска помош на Буенос Аирес, Алберто Крешченти.
Смртта на сите млади, на возраст меѓу 21 и 25 години, настапила многу брзо. Првите клинички испитувања покажале дека починатите и настраданите најверојатно земале наркотичка супстанција, слична на екстази.
„Младите лица изгубеле свест, паднале во кома и набрзо починале. Со обдукција ќе се утврди причината за нивната смрт, треба да се види кои супстанции ги консумирале“, изјавил за AFP висок претставник на медицинските власти.
Брзата помош била повикана во мугрите во саботата по локално време на фестивалот Time Warp Argentina во споменатиот приватен комплекс во кој се организираат концерти и изложби.
За локалната телевизија C5N, едно момче кое исто така било на концертот, изјавило дека дрогата ја имало во изобилство, како и дека нему четири пати му нуделе.
Фестивалот Time Warp е покренат во 1994 година во Германија, и со годините започна да се одвива во разни градови низ светот. За годинешниов фестивал во Буенос Аирес, продадени се 10.900 влезници.
Засега не е објавено дали годинешното издание на овој фестивал на електронска музика ќе биде продолжен, по саботната трагедија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.