Вести
Петмина уапсени за пожарот во храмот во Индија во кој загинаа 106 луѓе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/indija20hram.jpg)
Индиската полиција уапсила пет лица по експлозијата во хиндуистичкиот храм во југозападниот дел од земјата и за пожарот кој следеше во кој животите ги загубија најмалку 106 луѓе, во една од најтешките несреќи во текот на религиозните фестивали во историјата на Индија, пренесуваат во понеделникот агенциите.
Илјадници луѓе се собрале во храмот во градот Колам во сојузната држава Керала во неделата за да го следат огнометот со кој се одбележува почетокот на хиндуситичакта Нова година. Поради нестручноста во ракувањето со пиротехничките средства што е причина за експлозијата избувна голем пожар во храмот во кој загинаа најмалку 106 луѓе а неколку стотини се повредени, од кои некои со тешки изгореници, соопшти во понеделникот индиската полиција.
Локалните власти објавија дека не издале одобрување за огнометот во храмот Путингал Деви. Полицискиот службеник Ананта Кришнан изјавил дека се уапсени пет вработени во фирмата која го организирала огнометот во храмот.
Во индиската сојузна држава Керала се наоѓаат многу хиндуистички храмови кои со големи огномети го одбележуваат почетокот на хиндуистичакта Нова година, честопати меѓусебно натпреварувајќи се во спектакуларноста на прославувањето, а притоа се занемаруваат безбедносните прописи.
Локалните функционери за телевизијата NDTV соопштија дека по ангажирањето на медицински екипи, на војската и морнарицата со хеликоптери за евакуација на најтешките случаи, во понеделникот ситуацијата е ставена под контрола.
Според сознанијата, трагедијата се случила откако биле истрелани 75 отсто од пиротехничкиот материјал, поради што бројот на жртвите би можел да биде „многу многу поголем“, откако една од ракетите паднала во зградата каде што се чувале пиротехничките средства.
Главниот лекар „Thiruvananthapuram Medical College“ во главниот град на Керала, изјавил дека некои од настраданите имале многу тешки повреди па биле неопходни ампутирања. Кај повеќето изгорениците зафаќале и над 50 отсто од телото.
Премиерот Нарендра Моди вети 2.630 евра отштета за семејствата загинати и 700 евра за повредените./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.