Контакт

Вести

По апсењето на осомничениот за нападите во САД, Обама ветува дека „правдата ќе биде задоволена“

Објавено пред

Осомничениот за бомбашките напади во саботата вечерта на њујоршки Менхетен и во соседната сојузна држава Њу Џерси, е уапсен во понеделникот, пренесуваат медиумите, а американскиот претседател Барак Обама повика да не му се подлегнува на стравот ветувајќи дека „правдата ќе биде задоволена“.

dobivaj vesti na viber

Уапсен е 28-годишниот Ахмад Кан Рахами, Американец од авганистанско потекло во градот Линден, во сојузната држава Њу Џерси, по престрелка со полицијата во којашто наводно е ранет еден полициски службеник, пренесува телевизиската мрежа NBC New York. Претходно њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио изјави дека осомничениот е доселеник од Авганистан, кој има американски државјанство.На кадрите кои ги емитуваше телевизијата, се гледа како маж сместуваат во амбулантно возило. Очигледно е дека тој е во свесна состојба, но има преврска. Според репортерот, најверојатно во престрелката со полицијата во обидот за негово приведување, Рахами бил ранет во рамото.Според телевизијата CNN, Рахами живеел во Елизабет во Њу Џерси, близу Њујорк, а е уапсен во Линден, петнаесетина километри од Елизабет по размена на оган со полицијата.Осомничен е за експлозијата од саботата вечерта во квартот Челзи на њујоршки Менхетн во која беа ранети 29 луѓе и за поставување на бомбата на патеката каде што во саботата утрото требаше во местото Сисајд Парк во Њу Џерси пет илјади луѓе да трчаат хуманитарна трка, за ветераните на американските маратонци. Експлозијата одекна во 9,30 часот по локално време, а трката чиј старт за во 9 часот доцнеше поради проблеми со регистрација на учесниците на петкилометарската делница беше откажана.Во текот на викендот и во Њу Џерси и во Њујорк во соседствата во кои одекнаа експлозиите беа откриени други импровизирани експлозивни направи, кои не биле детонирани. Тие информации, се повеќе упатуваат на тезата за повеќекратни исламистички атентати, пишува AFP.Американскиот претседател Барак Обама, кој допатува во Њујорк за да учествува на Генералното собрание на ОН, изјави дека „убијците се обиделе да убијат невини луѓе, но сакаат и да поттикнат страв… и да го променат начинот на кој живееме за да ги поткопаат нашите вредности“.„Иако треба да бидеме претпазливи и агресивни за да ги спречиме тие неразумни дела и да ги пронајдеме извршителите за да им судиме, сите ние имаме и улога како граѓани,а тоа е да осигуриме да не подлегнеме на стравот“, рече Обама.И покрај претходните медиумски натписи и некои изјави на полициски функционери, Обама рече дека засега не е утврдена поврзаноста меѓу атентатите во Њу Џерси и во Њујорк, за коишто е уапсен Рахами.„„Џихадистите и натаму го губат теренот во Ирак и во Сирија“, рече Обама, потсетувајќи дека подоцна во понеделникот на маргините на Генералното собрание на ОН ќе се сретне со ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа35 минути

Путин го разреши заменик-шефот на неговата администрација

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една...

Свет56 минути

Германскиот канцелар: Tреба да одлучам дали да ги поддржам санкциите кон Израел

Германија ќе донесе одлука дали да ги поддржи санкциите на Европската Унија против Израел пред состанокот на Европската Унија во...

Свет1 час

(Видео) Трамп го нападна градоначалникот на Лондон: „Тој е меѓу најлошите во светот“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал градоначалникот на Лондон, Садик Кан, да присуствува на државниот банкет во Велика...

Европа1 час

МИ6 ќе бара нови доушници на темната мрежа

Британските шпиони ќе ја користат „темната мрежа“ за регрутирање информатори и добивање класифицирани информации од агенти во Русија и низ...

Македонија11 часа

Побаран притвор за четири лица за пожарот на отпадот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе наредба за спроведување...

Свет15 часа

(Видео) Масовни протести во Франција: Уапсени 140 демонстранти, повредени осум полицајци

Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја, од кои 75 се...

Македонија16 часа

Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави...

Топ17 часа

Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено...

Економија18 часа

Меѓународен ден на еднакви плати: жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска, светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на...

Македонија19 часа

Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата...

Македонија20 часа

Концентрациите на ПМ 10-честичките во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, објави Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.9.2025 (9.30 часот) до 18.9.2025 (9.30 часот) беа...

Македонија21 час

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит...

Европа24 часа

Путин сака да го освои целиот Донбас; Зеленски: Подготвуваат две големи офанзиви наесен

Руските сили подготвуваат уште две големи офанзиви откако три кампањи веќе не успеаја оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски....

Македонија24 часа

„Влен“: ДУИ партнер на Левицата, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната...

Свет1 ден

Трамп: Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата посета на Велика Британија е една од најголемите почести во неговиот живот во...

Свет1 ден

(Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

Тројца полицајци беа убиени, а двајца други беа сериозно ранети во Пенсилванија во престрелка со вооружен човек кој подоцна беше...

Европа1 ден

Шефот на руската војска: Напредуваме на сите фронтови

Руските сили напредуваат во речиси сите правци во конфликтните зони во Украина, изјави вчера началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов....

Свет1 ден

(Фото) Џиновска статуа на Трамп со биткоин поставена пред американскиот Капитол

Златна статуа висока 3,6 метри на претседателот Доналд Трамп, која држи биткоин, беше откриена вчера пред американскиот Капитол во Вашингтон....

Свет1 ден

„Тајмс“: Велика Британија ќе ја признае палестинската држава овој викенд

Велика Британија формално ќе признае палестинска држава овој викенд, објави „Тајмс“. Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе...

Македонија2 дена

Остра расправа во Уставниот суд: ДИК правилно постапила, независните можат со два потписа да учествуваат на изборите

Правилникот на Државната изборна комисија кој дозволува учество на независните кандидати на изборите со само два потписа е основан и...