Вести
По Флинт, нов скандал со контаминирана вода со олово во САД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/flint.jpg)
Втор скандал заради вода контаминирана со олово избувна на американскиот Среден запад, подрачје што подолго време го потресува аферата со загадена вода во градот Флинт.
Неодамнешните испитувања покажаа огромен процент на присуство на олово во „неколку станови“ од 28 тестирани, како и во училиштето во Себринг, место со 4.400 жители, објави Агенцијата за заштита на околината на Охајо.Заради загадувањето затворени се училиштата, а на населението му е речено да не пие вода од чешма.Скандалот веќе силно го потресува градот Флинт во Мичиген кој предупреди на негрижа на властите при спроведување на мерките за безбедност на јавното здравје.Во април 2014 година, со цел да заштеди, градот престана да прима вода од Детроит и почна да ја црпи од локалните реки, но таа вода е со сомнителен квалитет.Набрзо луѓето почнаа да се жалат на вкусот, мирисот и изгледот на водата во домаќинствата. Потоа, за да ја филтрираат опасната бактерија, властите го зголемија процентот на хемиски производи, што доведе до кожни проблеми и опаѓање на косата.Денеска состојбата во Флинт е таква што загадената вода ги нагриза водоводните цевки, а кородираа и деловите во фабриката на Џенерал Моторс.Ситуацијата е таква што го разбесне и познатиот режисер Мајкл Мур, веројатно најпознатиот жител на Флинт, но и претседателот Барак Обама кој рече дека „би полудел“ кога би живеел во тој град.Во Себринг службите за заштита на околината во Охајо објавија дека постојат сомнежи дека „операторот(за прочистување на водата) ги лажирал податоците за квалитетот на водата наменета за употреба во домаќинствата“. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.