Контакт

Вести

По Турција и Емиратите вџашени од говорот на Бајден

Објавено пред

Обединетите арапски Емирати се вџашени од изјавата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден, кој меѓу другите и оваа земја ја спомена како една од оние во регионот кои финансиски и со оружје го помагале бунтовниците во Сирија, особено радикалните сунитски исламистички групи, како Исламската држава или Џебхат (Фронтот) ан-Нусра, пишуваат во неделата тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Тие зборови се вознемирувачки и ја занемаруваат улогата на Емиратите во борбата против екстремизмот и тероризмот“, изјави министерот за надворешни работи на ОАЕ, Анвар Гергеш во изјавата објавена во неделата. Министерот побара од американскиот потпретседател Џозеф Бајден да ги појасни своите зборови искачани во четвртокот пред студентите на универзитетот Харвард коишто според Гергешн „даваат лажна слика за улогата на Емиратите (…) додека Емиратите политички и на теренот помагаат во борбата против џихадистите“, пренесува AFP.

Емиратите учествуваат во воздушните напади предводени од САД врз борците на Исламиската држава во Сирија, каде што од март 2011 година го поддржуваат сунитскиот бунт против претседателот Башар ал-Асад, кој доаѓа од алавитската (шиитска) заедница а ја има поддршката и од сириските христијани и од Друзите.

„Нашиот најголем проблем во Сирија беа нашите регионални сојузници. Турците важеа како најголемите наши пријатели, како и Саудијците, Емиратите и другите. Но што сакаа тие? Тие беа фокусирани исклучително на тоа како да го соборат (сирискиот претседател Башар ал-) Асад и предизвикаа војна меѓу сунитите и шиитите, тие им пратија стотици милиони долари и десетици илјади тони оружје на сите кои се согласија да се борат против Асад“. „Вистина е дека некои од тие коишто ја добија оваа помош беа милитанти од Џебхат (Фронтот) ан-Нусра, Ал Каеда и други екстремистички елементи кои доаѓаат од други делови на светот. Сметате дека претерувам? Погледнете само до каде сето тоа дојде“, истакна во четвртокот на Харвард претседателот на САД.

Реакцијата на Емиратите не е прва, Бајден во саботата навечер и’ се извини на Турција за тврдењето дека од нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган добил признание дека Анкара згрешила што дозволила странски исламистички борци да заминуваат во Сирија преку нејзина територија. Бајден во разговорот со Ердоган „ги разјаснил“ изјавите дадени на Харвард во четвртокот и се извини за „каков и да е заклучок“ дека Турција и нејзините регионални сојузници намерно ги снабдувале или го помагале растот на Исламската држава или другите исламистички групи во Сирија, објави Белата куќа.

Инаку овие изјави на американскиот потпретседател се совпаѓаат со постојаните обвинувања на сирискиот претседател Башар ал-Асад кој од почетокот на бунтот тврди дека сунитсктие земји како Турција, Саудиска Арабија, Катар, и други со свои специјалци, финансиски средства и оружје ја помагаат сунитската вооружена опозиција, којашто Западот ја нарекува „умерена“. Асад, исто така, прецизира дека станува збор за меѓуконфенсионален конфликт со цел да се наметне влијание во Сирија, која е децениски регионален сојузник на шиитски Иран, како и на Русија. Во Истанбул, исто така, е седиштето на организацијата којашто ги обединува посебните групи на сириската опозиција во егзил.

Според коментарите во турските медиуми, Бајден го опишал Ердоган како пријател, но напомнал дека овој во приватен разговор му кажал: „Бевте во право. Пропуштаме премногу луѓе“. На тие зборови Ердоган реагираше со изјава во којашто потенцираше дека „странски борци никогаш не влегле во Сирија од нашата земја. Тие можат да дојдат во нашата земја како туристи и да минат во Сирија, но никој не може да каже дека премиле со оружје во рацете“. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет4 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија5 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија9 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ10 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија11 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија12 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија12 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија14 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет16 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет16 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија17 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...