Вести
Почина уредникот на „Вашингтон пост“ награден за случајот „Вотергејт“

Уредникот на „Вашингтон пост“ награден со Пулицер за аферата „ВотергејТ“ почина во вторникот на 93-годишна возраст, јавува АП.
Како дежурен уредник, а подоцна и главен уредник, Бредли го трансформираше „Вашингтон пост“ од заспан весник во голем национален дневен весник. Собра група на талентирани новинари и постави уреднички стандарди коишто на весникот му донесоа почитување.Бредли почнал да се занимава со новинарство благодарение на пријателството со претседателот на САД Џон Ф. Кенеди, а стана познат откако „сруши“ друг претседател Ричард Никсон кога им помогна на новинарите Боб Вудвард и Карл Бернстајн во покривањето на скандалот „Вотергејт“.Бредли се повлече од редакцијата на весникот во 1991 година. Во филмот „Сите луѓе на претседателот“ ликот на Бредли го глумеше Џејсон Робардс кој доби Оскар за оваа улога. Бредли во 1971 година се бореше за слободата на печатот објавувајќи документи на Пентагон, тајна студија за војната во Виетнам, за што прво пишуваше „Њујорк тајмс“.Игнорирајќи ги советите на адвокатите се бореше пред Врховниот суд за слободата на медиумите и правата на весникот да ги објави документите кои протекле во јавноста. Одлуката на весникот да ја објави студијата го овозможи покривањето на „Вотергејт“. Бредли во 2013 година од претседателот Барак Обама го прими Претседателскиот медал за чест. Бил нестрплив, груб и прост, но и иновативен, харизматичен способен, пишува американската агенција. Како уредник го допре дното во 1981 година кога се откри дека новинарката Џенек Кук ја измислила приказната за осумгодишниот наркоман за којшто „Пост“ доби Пулицер. Бредли тогаш понудил оставка која е одбиена, но рече дека овој дебакл ќе го измачува цел живот. Тој е роден во 1921 година. Се школувал на Харвард, учествувал во Втората светска војна, а по враќањето основал весник во Њу Хемпшир. Две години работел како аташе за печат во амбасадата во Франција, потоа во „Нјузвик“ и неколку години бил дописник од Европа по што се вратил во Вашингтон и почнал со политичко новинарство.Имал куќа во Џорџтаун во близина на Кенедиеви и пријателството со нив му помогнало во кариерата./крај/тј/
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.