Вести
Полицаец од вашингтонското метро обвинет за поддршка на IS
Полицаец од подземната железница во американските престолнина Вашингтон уапсен е во средата под обвинение дека се обидел да ѝ помогне на џихадистичката терористичка организација Исламската држава (IS), соопшти во средата американското министерство за правда.
Николас Јанг, 36-годишен, беше изведен во средата попладнето пред судот во Александрија во сојузната американска држава Вирџинија, во предградието на сојузната престолнина Вашингтон. Доколку биде прогласен за виновен, му се закануваат 20 години затвор.
Обвинет е дека од 2010 година имал „многубројни контакти“ со информатор на Федералното биро за истраги (FBI) во врска со „неговото познавање и интерес за активностите со тероризмот“ за кој постојат сомневања дека тој верувал оти познаникот со кој соработувал е поврзан со Исламската држава, истакнува американското министерство за правда.
Николас Јанг е првиот американски полицаец обвинет за обид за давање материјална помош на терористичка организација, според FBI.
Овој службеник на Metro Transit Police Departmenta (MTPD), чиј работен договор е раскинат веднаш во средата, безбедносните служби првпат го сослушале во 2010 година, поради поврзаноста со Закари Месер. Вториот на крајот призна дека се обидел „да обезбеди материјална помош на странска терористичка организација“.
Во 2011 година Јанг повеќепати разговарала со тајниот агент на FBI за своите односи со Амин ел-Калифи, кој подоцна признал дека 2012 година планирал бомбашки напад врз американскиот Конгрес.
„Мetro Transit Police му обрна внимание на FBI на ова лице и соработуваше со партнерите во сојузните агенции и соработуваше цело време во текот на истрагата сé до денешното апсење“, изјави во соопштението главниот директор на подземната железница Пол Виедефелд оценувајќи ги обвинувањата „многу загрижувачки“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.