Вести
Полицијата во Киргистан уби шест милитанти

Безбедносните сили на Киргистан објавија дека убиле шест вооружени напаѓачи во текот на две престрелки во четвртокот во главниот град Бишкек, а се стравува дека тоа може да претставува сигнал за нови тензии во оваа политички турбулентна област.
Пукотници и експлозии одекнувале на улицата „Горки“ во киргистанската престолнина Бишкек, околу 1.500 метри од зградите на парламентот и на владата, објавија очевидци на социјалните мрежи.
„Се подготвувале за терористички напад“, изјави портпаролот на Националната безбедносна комисија Рахат Сулајманов, додавајќи дека засега не е јасно на која група ѝ припаѓале напаѓачите.
Според полицијата, четворица напаѓачи биле убиени а четворица припадници на безбедносните сили биле ранети во центарот на Бишкек, а уште двајца напаѓачи се убиени во исто време во предградие.
Властите во оваа мнозински муслиманска земја се загрижени поради опасноста од тоа многуте нивни државјани кои учествуваат во џихадситичките војни во Сирија и во Ирак кои потоа се враќаат во Киргистан дека ќе започната да изведуваат терористички напади. Киргистанското министерство за внатрешни работи објави дека има информации за повеќе од 350 свои граѓани кои заминале да се борат на страната на џихадистичката група Исламска држава во Сирија, од кои повеќе од 30 загинале.
Киргистан е етнички и културолошки поделен на развиениот север и сиромашниот југ, кој го населуваат многу етнички Узбеци. Киргистан, каде што Русија има воена воздухопловна база, како и САД, покрај тоа се наоѓа на главната рута за криумчарење дроги од Авганистан. Од 2005 во оваа држава беа соборени двајца претседатела, а во 2010 година стотици луѓе беа убиени во меѓуетничките судири.
Од влијанието на исламистичките милитанти стравуваат поранешните советски републики во централна Азија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.