Контакт

Вести

Половина милион деца ризикуваат експлоатација, бегалско-мигрантската криза се претвора во голем бизнис за криумчарите

Објавено пред

Новите бројки откриваат дека за околу половина милион деца-бегалци и мигранти во движење се смета дека се обратиле до криумчарите од јануари 2015-та година, бидејќи одложувањата и очајот ги водат во рацете на криминалците кои брзо ја искористуваат нивната ранливост, соопштуваат од УНИЦЕФ.

dobivaj vesti na viber

Со цел да фрли светлина врз мрачното подземје на криумчарењето мигранти во Европа, како и подобро да го обликува својот одговор, УНИЦЕФ собра информации од различни извори – вклучувајќи ги и Европол/Интерпол, сведоштва од самите деца, публикации од агенциите на ОН, невладини организации и потврдени извештаи во медиумите.

Бројките објавени од Еуростат оваа недела покажуваат дека повеќе од 580 илјади барања за азил во Европа биле поднесени од деца од јануари 2015-та година. Со неодамнешниот извештај на Европол-Интерпол, што укажува дека над 90 проценти од патувањата на бегалците и мигрантите кои доаѓаат во ЕУ ги потпомагаат криумчари што работат за криминални мрежи, се проценува дека најмалку половина милион деца користеле криумчари во некој момент од своето патување. Децата без придружба изнесуваат речиси 100.000 од вкупниот број и особено се склони кон користење криумчари.

„Затворањето на службените граници беше како заклучување на вратите, но оставање на прозорците отворени, што само ги тера децата, посебно оние без придружба, да преземаат поголеми ризици“, вели Мари-Пјер Поаре, специјалниот координатор на УНИЦЕФ за бегалско-мигрантската криза во Европа. „Државите треба да градат поцврсти системи за заштита на децата, а не повисоки ѕидови“, додава таа.

Иако бранот на бегалци и мигранти значително забави, затворањето на границите, зацврстените миграциски политики и договорот меѓу ЕУ и Турција доведоа до тоа овие криминални групи да ги прилагодат добро утврдените патишта на криумчарење дрога и оружје за пренесување бегалци и мигранти.

„Државите при својата реакција често се водат според политиките за контрола на миграцијата наместо според реалните и непосредни права и потреби на децата бегалци и мигранти. Да има безбедни и легални опции, децата и нивните семејства не би биле принудени да завршат во рацете на криумчарите и трговците со луѓе, кои многумина од нив ги доведуваат во опасност на нерегуларните патишта“, вели Поаре.

Шверцот и трговијата со луѓе сега се проценува на 5-6 милијарди американски долари годишно. Бидејќи бројот на луѓе што тргнуваат на опасно патување опадна, Европол наведува дека овие криминалци тројно ги зголемиле цените, при што многу мигранти сега плаќаат и до три илјади евра само за еден дел од патувањето.

Децата често носат долг со себе поради тоа што биле шверцувани. Отплаќањето на ваквиот долг ги става во зголемен ризик од експлоатација од страна на криумчарите, при што се пријавува дека децата без придружба во Франција и Италија разменуваат сексуални услуги, принудени се да работат и се присилуваат на вршење кривични дела.

За заштита на децата-бегалци и мигранти, УНИЦЕФ итно повикува на многу поголеми напори треба да се вложат во документирање на криумчарењето и трговијата насочени кон децата во движење, потоа во транзитните земји, особено во Грција и Италија, од клучно значење е актерите за заштита на децата да бидат оспособени за индивидуално советување и поддршка на сите ранливи деца-бегалци и мигранти, со посебен фокус врз децата без придружба и разделените деца, а потребно е и построго собирање на квалитативни податоци за децата во контекст на одговорот во Европа кон бегалците и мигрантите.

Кога квалитетот на одговорот се подобрува и се состои од поединечно интервју во рок од 72 часа, подобар пристап до информации, именување на полнолетно лице како старател, редовни повратни информации за неговото сопствено досие и подобрен пристап до правна помош, ризикот децата да заминат незабележано за да го продолжат патувањето со криумчари значително се намалува.

Исто така, УНИЦЕФ воспостави мобилни тимови во клучните области, со експерти за заштита на децата, со цел да им се обезбедат услуги на децата во движење и да се помогне бргу да се идентификуваат децата што можеби се жртви на криумчарење и трговија со луѓе. На пример, специјализираниот персонал и партнерите во центрите за деца без придружба во и околу Атина и на пристаништето во Лампедуза, Италија, помагаат да се идентификуваат и да им се помогне на жените и девојките кои можеби станале жртви на сексуална експлоатација. УНИЦЕФ, исто така, се залага за постојано следење и истражување на ефектите од криумчарењето и трговијата со деца-бегалци и мигранти./крај/мф/бс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ29 минути

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија46 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет3 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион4 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет4 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија15 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија15 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија16 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија18 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија23 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...