Контакт

Вести

Поранешниот израелски премиер Олмерт мора во затвор да мине 19 месеци

Објавено пред

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт ќе престојува во затвори уште еден дополнителен месец, покрај 18-те кои му беа пресудени во декември, одлучи во средата судот во Ерусалим.

dobivaj vesti na viber

Покрај декемвриската пресуда за земање мито, 70-годишниот Ехуд Олмерт потпишал спогодба со којашто признаа две теочки од обвинението за попречување на правосудството. Според одредбите од спогодбата, тој прифатил да отслужи дополнителни шест месеци затворска казна и да плати глоба во износ од 50.000 шекели (12.900 американски долари), но побарал новата шестмесечна казна да ја одлежи само симболично, односно таа да му биде обединета со постојната 18-месечна затворска казна.

Судот минатата седмица ја прифати спогодбата и ја донесе договорената пресуда, но во средата објави дека на Олмерт ќе му дозволи паралелно да одлежи само пет месеци, додека шестиот месец од казната ќе го отслужи по истекот на 18-те месеци од првата пресуда.

Ехуд Олмерт отслужувањето на затворските казни ќе го започне во понеделник, на 15-ти февруари, и така ќе стане првиот израелски премиер во историјата кој по извршувањето на должноста завршил во затвори.

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт кој беше премиер на Израел во периодот од 2006 година до 2009 година ланскиот мај беше осуден на затвор, но неговите адвокати веднаш најавија дека ќе вложат жалба, што го одложи извршувањето на казната, а потоа следеше спогодбата.

Инаку Олмерт беше прогласен за виновен на 30-ти март 2015 година, бидејќи примал и криел коверти со десетици илјади американски долари од американскиот бизнисмен Морис Талански. Според обвинувањето, Олмерт злоупотребил најмалку 150.000 од 600.000 долари колку што му исплатил Талански.

На поранешниот израелски премиер веќе му се заканува шестгодишна затворска казна во рамките на друга афера за корупција којашто во моментов е на разгледување во Врховниот суд.

Ехуд Олмерт кон половината на мај 2014 година беше осуден на шест години затвор поради корупција во големата афера „Холиленд” со недвижнини во периодот додека беше градоначалник на Ерусалим, од 1993 до 2003 година. Освен што е осуден на шестгодишна затворска казна, треба да плати парична глоба од милион израелски шекели, или 210.000 евра.

Со тоа Олмерт стана првиот политичар во израелската историја кој е осуден на реална затворска казна, и доколку не мине жалбата пред Врховниот суд, ќе биде највисокиот функционер затворени во земјата.

Центристот Олмерт, кој како израелски премиер се стекна со меѓународно реноме поради неговите напори за постигнување мир со Палестинците, ја отфрли целата вина во аферата „Холиленд”, инаку комплекс станови. Во пресудата за случајот „Холиленд“ на 50 страници, судијата истакна дека Олмерт, и покрај неговите заслуги за државата, извесно време учествувал во криминални врски и ја искористил службената положба за здобивање со големи парични износи. Казната беше изречена месец ипол откако судот докажа дека Олмерт добил најмалку 560.000 шекели, околу 100.000 евра за помош при реализацијата на проектот за изградбата. Инаку, беше обвинет за примање 759 милиони шекели, или 156.000 евра. Поранешниот градоначалник на Ерусалим не ја признава вината, а неговите адвокати бараа затворска казна од година пол.

Поранешен адвокат, голем љубител на елегантни костуми, скапи цигари, фудбал, добра храна и патувања во странство, Олмерт честопати беше цел на истраги на израелските правосудни органи, но секогаш досега се извлекуваше.

Политичкиот пад на Олмерт започна во септември 2008 година кога ослабен поради обвинувањата за корупција но функцијата ја извршуваше до крајот март 2009 година, одби да се кандидира на внатрепартиските избори на својата партија Кадима, од десниот центар, со што всушност отстапи од премиерската функција и беше заменет од актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Олмерт кариерата ја започна како националист во партијата Ликуд за со времето да еволуира кон умерената струја. Така, во почетокот го поддржуваше големиот Израел и екстремните доселеници на палестинските територии на Западниот брег (на реката Јордан) и во појасот Газа, се спротиставуваше на договорите од Кемп Дејвид со Египет од 1978 година, како и на договорот од Осло со Палестинците од 1993 година, за конечно да се согласи со замислата за основање палестинска држава.

„Најубавиот ден во мојот живот беше денот која открив дека бројките се посилни од историјата и географијата на Израел. Открив дека ако тврдоглаво истрајуваме на тоа да задржиме сé, во 2020 година ќе има 60 отсто Арапи и 40 отсто Евреи на територијата на Палестина”, призна Омерт пред неколку години.

Во своите мемоари објавени во 2013 година, поранешната американска државна секретарка Кондолиза Рајс призна дека се изненадила кога Олмерт во мај 2008 година тајно ѝ предложил на Палестинците да им се вратат 94 отсто од територијата на Западниот брег и да се подели Ерусалим за да стане престолнина на двете држави, еврејската и палестинската.

Олмерт ја водеше изралеската влада од 2006 година, откако неговиот претходник и партиски колега Ариел Шарон доживеа мозочен удар и падна во долгогодишна кома. Тригодишното премиерствување на Олмерт кој подоцна се декларираше и како политичар од левиот центар, беше карактеризирано со заживувањето на изралеско-палестинските мировни преговори, како и со Сирија, со Втората либанска војна којашто повеќето Израелци ја сметаат за пораз, и големите операции во палестинската енклава појасот Газа, кога загинаа повеќе од илјада Палестинци./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија3 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија6 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија22 часа

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ1 ден

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ1 ден

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ1 ден

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија1 ден

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет1 ден

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет1 ден

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија2 дена

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија2 дена

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...