Контакт

Вести

Постигнат мировен договор во Јемен

Објавено пред

Со посредство на Обединетите нации во неделата во Јемен е постигнат мировен договор меѓу претседателот на државата и претставниците на политичките фракции, меѓу кои се бунтовниците Хути од шиитското племме Заиди, јави AFP.

dobivaj vesti na viber

Целиот ден во неделата во главниот град Сана беше одбележан со хаос поради извештајот за напредувањето на шиитските бунтовници кои од пред десет години се борат против мнозинската сунитска влада и бараат поголема област и автономија на северот од Јемен.Таканаречениот Мировен договор и националното партнерство го потпишаа специјалниот претставник на ОН, Џамал Беномар, јеменскиот претседател Абд Рабо Мансур Хади и претставниците на политичките групации. Договорот предвидува итно запирање на непријателствата, именување на нов премиер во рок од три дена и формирање нова влада во рок од еден месец. Претседателот Хади, исто така, мора да ангажира свои соработници од редовите на Заидите и од Јужното движење кои бараат автономија во јужниот дел од земјата. Таа област, имено, до 1990 година беше независна држава.Бунтовниците Хути заземаа изминатиот период неколку владини згради, вклучително и кабинетот на премиерот, командниот центар на армијата, централната банка, зградата на цивилната авијација и државната телевизија. Судирите во главниот град Сана подолг период ја згрозуваат транзицијата на земјата кон демократијата, за што последната година се ангажираат ОН, откако во 2012 година по бунтот започнат претходната година по инерција на во ткн Арапска пролет претседателот Али Абдула Салех мораше да се повлече од функцијата по 30 години владеење./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Чулев обвинува за сериозни злоупотреби од претходната власт во разузнавачкиот систем, го повика Обвинителството да отвори истраги

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обвини за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена...

Македонија4 часа

(Видео) СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ: „Не се потребни нови етнички поделби“

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска кажа дека партијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите што се...

Топ5 часа

Кривична против поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, го оштетил Буџетот на МВР за над 926 илјади денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија5 часа

Во мај Мицкоски ќе соопшти 90 отсто од имињата на кандидатите за градоначалници, партиските анкети почнуваат месецов

Општинските комитети веќе ги доставиле предлозите за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, рече денес премиерот и лидер на...

Македонија6 часа

Мицкоски за интерпелациите: Очекувам напади што ќе поттикнат меѓуетничка нетолеранција, но тоа ќе биде јалово и неуспешно

Неуспешен обид за интерпелација на петмина функционери во Собранието очекува премиерот Христијан Мицкоски. Собранието в петок почнува со работа, а...

Регион7 часа

„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, рече грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција

Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран. Според грчките медиуми, човекот...

Македонија8 часа

Веста дека Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово е одраз на културата на неодговорност и ароганција на ДУИ, велат од „Влен“

„Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз...

Македонија8 часа

Најмногу снег на Попова Шапка

Утрово, најстудено било во Берово, каде што се измерени -1 степен, 2 степена било на Попова Шапка, Крива Паланка и...

Македонија8 часа

Повторно алармантно загадување во Струмица во последните два дена

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија9 часа

Скопје повторно соборува рекорди, се најде на прво место во Европа по загаденост

Скопје се најде на седмото место на листата со најзагадени градови во светот, а на прво во Европа, со индекс...

Македонија9 часа

ДУИ: Мицкоски вчера го откри планот за деградирање на албанскиот јазик, нема да дозволиме

Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена...

Свет10 часа

Се урна мал авион во Австралија, загинаа туристи од Швајцарија и Данска

Три лица загинаа, а тројца се повредени при уривање мал авион во близина на градот Перт во западна Австралија, соопштија...

Свет10 часа

Трудо ја отфрли заканата на Трамп за присоединување на Канада кон САД како економска сила

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби економска...

Свет10 часа

(Видео) Лос Анџелес во пламен: „Пожарникарите веќе не се ни обидуваат да спасат куќи“

Шумски пожар беснее во богат дел на Лос Анџелес уништувајќи домови, а 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци од...

Свет11 часа

Две лица загинаа во престрелка во фабрика во Германија, напаѓачот уапсен

Две лица загинаа откако маскиран и вооружен маж упадна во фабриката Хенел во градот Бад Фридрихшал во германската покраина Баден-Виртемберг...

Свет22 часа

Трамп: Членките на НАТО треба да трошат 5 отсто за одбрана

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од својот бруто домашен...

Свет1 ден

Голем број куќи се срамнети со земја – најмалку 126 лица загинаа во земјотресот на Тибет, а околу 200 се повредени

Најмалку 126 лица загинаа во силниот земјотрес што денеска ги погоди подножјето на Хималаите во близина на едно од најсветите...

Македонија1 ден

Сиљановска ја образложи одлуката за ветото, Мицкоски најави корекции: „Ќе биде прецизно формулирано“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека немала намера да употреби вето за да навреди некој јазик или нација, ниту, пак, се...

Македонија1 ден

За да се реши загадувањето потребна ни е изградба на гасни централи што би траело и до 3 години, вели Мицкоски

Гасните централи би можеле да го решат загадувањето, но тоа е процес што би траел со години. Премиерот Христијан Мицкоски,...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика бегалците од правдата да се вратат дома

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите бегалци од правдата да се вратат и да се соочат со доказите пред органите....