Контакт

Вести

Потврден првиот случај на ебола во САД

Објавено пред

Американски лекари го потврдија првиот случај на присуство на смртоносниот вирус на хеморагиската треска ебола во сојузната американска држава Тексас, кај пациент хоспитализиран во понеделникот, пишува порталот PzFeed, кој се повикува на Центарот за контрола на болестите и превенција на САД (CDC), што е првиот потврден случај на еболата во оваа земја.

dobivaj vesti na viber

Мажот бил сместен во специјален карантин во клиниката „Presbyterian Hospital“ која се наоѓа во Далас. Лекарите во понеделникот ги спровеле сите неопходни анализи и нивните наоди го потврдиле присуството на вирусот на еболата кај пациентот, што беше објавено во вторникот попладне по локално време.Како што пренесува агенцијата AFP, пациентот се заразил со вирусот во Либерија и подоцна се вратил во Тексас. Раководството на клиниката преземало специјални мерки за заштита на лекарите, персоналот и другите пациенти од можно заразување.Вирусот на еболата екстремно брзо се шири во Западна Африка. Во моментов епидемијата е регистрирана во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја, Нигерија, Демократска Република Конго и Сенегал. Смртноста на оваа најлоша епидемија на еболата во историјата е 53 отсто. Според светската здравствена организација (СЗО – WHO), вкупниот број потврдените случаи на еболата во петте западноафрикански земји, Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне, Нигерија и Сенегал, изнесува 6.574 лица од кои 3.091 имале фатални последици.Вирусот на еболаа се шири преку незаштитен директен контакт со крв или секрети од заразено лица, како и преку контакти со предмети кои биле контаминирани од заразено лице. Засега не постои специјален третман за еболата, а во моментов се испитуваат повеќе потенцијални лекови и вакцини, за кои се смета дека ќе бидат ефикасни во справувањето со оваа болест./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Жена спасена во поплавите во Валенсија откако три дена била заробена под мртво тело

Осумдесети и седумгодишна жена е спасена откако три дена била заробена со телото на нејзината мртва снаа по поплавите во...

Топ12 часа

Мајка од Скопје пријавила дека жена се обидела да ја грабна нејзината тригодишна ќерка

Триесет и петгодишна жена од Скопје со иницијали А.Б. вчера во 14 часот во полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека...

Регион13 часа

Ова се загинатите во железничката несреќа во Нови Сад, меѓу нив има и четири деца

Во трагедијата што се случи на Железничката станица во Нови Сад животот го загубија 14 лица. Меѓу загинатите има и...

Регион16 часа

Повредените во несреќа во Нови Сад се во тешка состојба, изјави Дачиќ

Трите лица, кои беа повредени при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, сè уште се во тешка...

Топ17 часа

МВР трага по вториот осомничен за убиството во Арачиново, поднесени се кривични пријави

Во врска со извршеното кривично дело „убиство” на 01.11.2024 во скопско Арачиново, каде со огнено оружје беше убиен С.А. (56)...

Свет1 ден

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната...

Македонија1 ден

Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица

Книга на жалост е отворена за јавноста во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје, по падот на натстрешницата...

Македонија2 дена

Ахмети до Мицкоски: Не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност

„Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања...

Македонија2 дена

Мицкоски до ДУИ: За избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време, сега подгответе се за одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе...

Македонија2 дена

Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал...

Топ2 дена

Должничко-доверителски односи можен мотив за убиството во Арачиново

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е...

Македонија2 дена

Во сопствениот дом била убиена 29-годишната жена од Штип

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на...

Свет2 дена

Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот...

Топ2 дена

Два лица повредени во престрелка во Арачиново

Вечерва на Клиника со повреди од огнено оружје биле примени две лица од Арачиново. Според МВР на 01.11.2024 околу 19...

Македонија2 дена

АХВ: Од 41 дом за стари лица 14 не биле регистрирани – уништени 40 килограми небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41...

Македонија3 дена

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор, ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа

Вчера, на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и...

Македонија3 дена

(Видео) Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени, рече Кузеска

„Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на...

Македонија3 дена

ДУИ: Мицкоски да ги објави СМС-пораките денес

„Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицкоски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС...

Европа3 дена

Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон. Дождот, иако не се очекува...

Македонија3 дена

Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, соопшти Министерството за транспорт

„Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото...