Контакт

Вести

Повеќе од 250 илјади млади ширум светот во среда ќе ја одбележат третата годишнина од Декларацијата за светски мир

Објавено пред

Повеќе од 250 илјади млади од Јужна Кореја и целиот свет во среда ќе ја одбележат третата годишнина од Декларацијата за светски мир, преку мировни маршови и низа други активности организирани од страна на јужнокорејската невладина организација „Небеска култура, светски мир“ (HWPL), заедно со „Меѓународната група на жени за мир“ (IWPG) и „Меѓународната младинска група за мир“ (IPYG).

dobivaj vesti na viber

На минатогодишниот настан, односно втората годишнина од потпишувањето на оваа  Декларација, повеќе од 200 илјади млади ја изразија својата поддршка за светскиот мир преку учеството во мировни маршови кои се одржаа истовремено во 50 градови ширум 30 земји. Донираните средства кои од овогодинешниот настан, пак, ќе се искористат за оние кои беа погодени од катастрофалните земјотреси кои се случија минатиот месец во Еквадор.

Оваа година во фокусот на настанот ќе биде давањето на поддршка за правната форма  на овој документ, односно Декларацијата за мир и ставање  крај на војните, која беше презентирана од страна на Меѓународниот правен комитет за мир на HWPL, тело составено од светски познати правни експерти, на 14-ти март во јужнокорејската престолнина Сеул.

Целта на Декларацијата е да ги повика граѓаните ширум светот да се обединат во заложбите за светски мир преку потпишувањето на документот, кој потоа ќе биде предаден и до светските лидери и влади, од кои пак се очекува да подготват и усвојат национален закон базиран на вредностите содржани во Декларацијата. Документот досега во светски рамки за помалку од два месеца собра над 190 илјади потписи од 152 земји, а е достапен и може да се потпише на сајтот http://peacelaw.org/site/pledge.

Покрај Сеул, годинешната манифестација ќе биде одбележана во повеќе градови ширум светот, како  на пример Сиднеј, Њујорк, Манила, Шангај, Кејп Таун и Оукленд. Мировното движење на јужнокорејската организација HWPL од минатиот месец е активно и во Македонија преку формираниот Комитет за заложби за мир, кој во четврток ќе го одржи и своето второ заседание, во знак на поддршка за глобалното мировно движење./крај/мф/бс

 

 

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

(Видео) АKT СДСМ ја претстави новата платформа против корупција МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски Истражувачки Центар за...

Свет2 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа2 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет4 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет4 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет4 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет4 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа5 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија14 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет15 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет17 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет18 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија24 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет1 ден

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...