Контакт

Вести

Повеќето Американци сметаат дека Клинтон победила во првиот дуел со Трамп

Објавено пред

Анкетите спроведен по првата телевизиска дебата меѓу кандидатите за американските претседателски избори на 8-ми ноември, покажала дека повеќето Американци мислат дека кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, го победила кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, но тоа не се одразува врз севкупниот рејтинг на двајцата.

dobivaj vesti na viber

Онлајн анкетата во којашто учествувале повеќе од две илјади испитаници, покажала дека 56 отсто во возрасните Американци сметаат дека Клинтон подобро се претставила од Трамп во првото од трите телевизиски соочувања, додека 26 отсто сметаат дека подобар бил републиканскиот кандидат. Од оние кои Клинтон ја сметаат за победничка, 85 отсто се демократи, а 22 проценти се републиканци.

Американските предизборни дебати на претседателските кандидат вообичаено се сметаат за клучен тест за нивните ставови и политики, меѓутоа годинава станува збор за двајцата најнепопуларни кандидати во историјата на претседателските избори во САД. Меѓутоа, и покрај тоа, телевизиското соочување во понеделникот го следеле рекордни 84 милиони гледачи, и се смета дека ова беше ретка можност кандидатите да ги привлечат големиот број сé уште не одлучени гласачи.

Околу 31 отсто од потенцијалните гласачи изјавиле дека шансите Хилари Клинтон да победи на 8-ми ноември се зголемени по дебатата, додека тоа за Доналд Трамп го сметаат 16 отсто од испитаниците во анкетата.

Меѓутоа, се чини дека настапот на Хилари Клинтон не влијаел врз поддршката меѓу потенцијалните гласачи. Анкетата покажала дека 42 отсто ја поддржуваат поранешната државна секретарка, додека 38 отсто се за њујоршкиот бизнисмен и милијардер. Во текот на изминатата седмица предноста на Клинтон пред Трамп, пак, се движеше меѓу 4 и 6 отсто./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната...

Македонија12 часа

Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица

Книга на жалост е отворена за јавноста во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје, по падот на натстрешницата...

Македонија14 часа

Ахмети до Мицкоски: Не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност

„Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања...

Македонија15 часа

Мицкоски до ДУИ: За избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време, сега подгответе се за одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе...

Македонија17 часа

Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал...

Топ18 часа

Должничко-доверителски односи можен мотив за убиството во Арачиново

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е...

Македонија19 часа

Во сопствениот дом била убиена 29-годишната жена од Штип

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на...

Свет21 час

Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот...

Топ1 ден

Два лица повредени во престрелка во Арачиново

Вечерва на Клиника со повреди од огнено оружје биле примени две лица од Арачиново. Според МВР на 01.11.2024 околу 19...

Македонија2 дена

АХВ: Од 41 дом за стари лица 14 не биле регистрирани – уништени 40 килограми небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41...

Македонија2 дена

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор, ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа

Вчера, на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и...

Македонија2 дена

(Видео) Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени, рече Кузеска

„Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на...

Македонија2 дена

ДУИ: Мицкоски да ги објави СМС-пораките денес

„Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицкоски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС...

Европа2 дена

Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон. Дождот, иако не се очекува...

Македонија2 дена

Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, соопшти Министерството за транспорт

„Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото...

Свет2 дена

(Видео) Нови израелски напади на јужен Бејрут

Израел изврши воздушни напади во петокот рано наутро врз јужните предградија на Бејрут, први напади врз градот по речиси една...

Македонија2 дена

Почина Зоран Василевски – Зоки Фаци

Утрово, по долга борба со ракот, во 6.40 почина македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Веста за...

Европа2 дена

Шефот на американската дипломатија: Русија ги обучува севернокорејските војници во артилерија, беспилотни летала

САД очекуваат пристигнување на севернокорејската армија во руската област Курск, која треба да започне да војува против Украина во наредните...

Европа2 дена

Сателитските снимки ги покажуваат областите пред и по поплавите во Шпанија

Сателитски снимки на НАСА покажуваат колку поплавите ја погодија Валенсија и околните градови. Сликите направени на 30 октомври покажуваат големи...

Македонија2 дена

Зголемен бројот на случаи со лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат пораките

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување...