Контакт

Вести

Повреден американскиот амбасадор во Сеул во напад со нож

Објавено пред

Американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, е во стабилна состојба по нападот со нож, што врз него го изврши маж што извикувал Северна и Јужна Кореа треба да се заедно, соопшти јужнокорејската полиција, во четврток.
 

dobivaj vesti na viber

Американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, е во стабилна состојба по нападот со нож, што врз него го изврши маж што извикувал Северна и Јужна Кореа треба да се заедно, соопшти јужнокорејската полиција, во четврток.

 

Фотографиите кои се појавија во медиумите по нападот го покажуваат Липерт кој е избезумен и гледа во својата лева рака покриена со крв, а со десната се држи на лицето кое е исечено, додека розовата врска му е испрскана со крв.

 

Стејт Департментот го осуди нападот, што се случи во галерија во центарот на Сеул, каде амбасадорот требало да одржи предавање за перспективите на мирот  во поделената Кореа.

 

Според Стејт Департментот Липерт е во стабилна состојба по операцијата извршена во сеулска болница, а раните не биле животно загрозувачки.

 

Нападот ќе збуни многумина знаејќи дека САД и Јужна Кореа се сојузници во многу акции, воени сојузници и блиски економски партнери.

 

Но, извештаите кои велат дека 55-годишниот осомничен за нападот, Ким Ки-јонг, за време на нападот извикал: „Јужна и Северна Кореа треба да се обединат“, укажаа на длабоката политичка поделеност на Јужна Кореа каде се уште на сила е договорот со кој се заврши Корејската војна од 1950 – 53, но тој се однесува на прекин на огнот, а не е мировен договор.

 

Некои јужнокоеранци сметаат дека присуството на 28.500 американски трупи на југот е провокација за Северна Кореа и причина за поделба на Кореанскит Полуостров.

 

Нападот дошол ненадејно, вели сведок. „Човек со нож во рацете викајќи се нафрли на Липерт во моментот кога беше послужена супата на доручекот и почна да го сече“, вели Ким Јонг-ман, портпрол на групата која го оранизирала појадокот, Корејскиот совет за соработка. Друг сведок вели дека Липерт станал да се ракува со некого, а напаѓачот го соборил на земја и почнал да го сече со нож.

 

Напаѓачот извикувал антивоени пароли и кога полицијата го приведувала, а нападнал со нож долг 25 сантиметри.

 

Директен напад на американски дипломат не е вообичаен, но ја покажува поделеноста на јужнокорејското општество. Понекогаш се одржуваат мали демонстрации од анти САД либерали или групи поддржувачи нба идејата за обединување на двете Кореи, но тоа  е се.

 

Напаѓачот и е познат на полицијата за насилно однесување, а во 2010 година фрлил концентрат на јапонскиот амбасадор во Сеул, за што бил осуден на три години затвор. Сепак, при фрлањето со концентрат го промашил амбасадорот и го погодил неговиот секретар.

 

Ким се обидел и да се самозапали при протестот пред претседателската Сина палата во октомври 2007 година, кога барал истрага за случај на силување од 1988 година.

 

Липерт (42) е познат по своите предавања кои ги држи во Кореа откако е амбасадор на тема мир. Со неговата сопруга добиле и син за време на дипломатската мисија на кого му дале средно кореанско име. Претседателот на САД, Барак Обама му се јавил на Липерт по нападот да му изрази поддршка. /крај/мсн/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија3 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија4 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет7 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија8 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија10 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија11 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија11 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија12 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија13 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија14 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија14 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија14 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет15 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет15 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет15 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија15 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...