Контакт

Вести

Преговорите за Газа во ноември, Ривлин го осуди масакрот од 1956-та

Објавено пред

– (Израелскиот претседател Реувен Ривлин (л) со локалните челници во арапското село Кафр Касем)

dobivaj vesti na viber

Водачот на палестинската делегација изјави дека директните преговори со Израел за зацврстување на прекинот на огнот во Појасот Газа ќе продолжат кон средината на ноември а не во понеделник, бидејќи делегацијата не може да допатува во Каиро откако Египет прогласи вонредна состојба на полуостровот Синај и го затвори преминот Рафах, а истовремено израелскиот претседател Реувен Ривлин беше првиот шеф на државата кој присуствуваше на комеморацијата за десетиците арапски цивили кои во 1956-та ги убиле израелските сили и воедно го осуди тој масакр, но не се извини за тоа.

Водачот на палестинската делегација изјави дека директните преговори со Израел за зацврстување на прекинот на огнот во Појасот Газа ќе продолжат кон средината на ноември а не во понеделник, бидејќи делегацијата не може да допатува во Каиро откако Египет прогласи вонредна состојба на полуостровот Синај и го затвори преминот Рафах, а истовремено израелскиот претседател Реувен Ривлин беше првиот шеф на државата кој присуствуваше на комеморацијата за десетиците арапски цивили кои во 1956-та ги убиле израелските сили и воедно го осуди тој масакр, но не се извини за тоа.

Палестинско-изралеските преговори треба да го зацврстат прекинот на огнот кој стапи на сила пред два месеца во палестинската енклава Појасот Газа по 50-дневниот судир во кој загинаа 2.200 Палестинци, претежно цивили од кои стотина деца, и 70 израелски војници и шест цивили.„Преговорите се одложуваат за средината на ноември“, изјави Азам ал-Ахмад од движењето Фатах, на претседателот на палестинската Национална самоуправа Махмуд Абас, пренесува AFP. Палестинците не можат да отпатуваат во Каиро, бидејќи Египет го затвори граничниот премин Рафах, единствениот премин кон Газа во рамките на тримесечната вонредна состојба во северниот дел од Синајскиот полуостров откако вооружена група, за којашто се претпоставува дека се џихадисти кои се активни во таа област, уби 30 египетски војници.Израел на 26-ти август го склучи прекинот на огнот со палестинската делегација, но двете страни допрва треба да преговараат за низа тешки прашања, меѓу кои е отстранување на поморската и воздушната блокада на Појасот Газа, кое е едно од барањата на Палестинците коишто Израел одлучно ги одбива.Во неделата израелскиот претседател Реувен Ривлин изјави дека извинување за масакрот во арапското село Кафр Касим не е потребно, бидејќи тоа го сторил неговиот претходник Шимон Перес во 2007 година, кога го посети селото, пренесува DPA.Во екот на Суецката криза, Израел на 29-ти октомври 1956 година очекувал дека Јордан ќе се вклучи во војната на египетската страна и превентивно наредил полициски час во арапските села кон границата со Јордан, а меѓу тие е и селото Кафр Касим. Меѓутоа, повеќето од селаните биле на работа во полињата и не биле известени за тоа. Израелскиот полковник кој командувал во областа наредбата ја протолкувал така дека ќе биде ликвидиран секој кој ќе ја прекрши и му наредил на својот вод да отвори оган и притоа биле убиени 19 мажи, шест жени, 17 момченца на возраст од 8 до 17 години и шест девојченца од 12 до 15 години. Локалните жители тврдат дека се убиени 49 луѓе, вклучително и неродено дете во една од убиените жени.Израелскиот Canal 2 го опишува масакрот како една од најлошите „отворени рани“ во историјата на еврејско-арапските односи.„Гнасното убивање (во селото Кафр Касим) претставува неверојатно мрачно поглавје во односите меѓу нас, Арапите и Евреите кои живееме овде“, изјави Равлин и додаде дека „Државата Израел призна дека тоа злосторство било извршено тука и со право за него се извини… Наша должност е да ги подучуваме новите генерациите за тоа болно поглавје“.,Ривлин потоа ги повика политичките и верски челници во арапските села во Израел да го подигнат својот глас против насилните протести, како што се фрлањето камења врз Израелците, како и против минатонеделниот напад на Палестинецот кој со возило се заби во група луѓе при што усмрти тримесечно бебе.„Судбината ние е да живееме заедно, или вечно да се бориме едни против други“, порача Ривлин.Селскиот кмет Адел Бадир го повила на комеморацијата Ривлин „да го признае колежот“ и да „влезе во историјата“.Ривлин, која на претседателската функција го наследи Шимон Перес во јуни годинава, е еврејски националист и се противи на создавањето независна палестинска држава на Западниот брег (од реката Јордан) и во Појасот Газа, но често изразуваше сочувство со тешката ситуација во која живеат Палестинците./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија5 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија5 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ8 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија9 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет10 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет11 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет11 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион12 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет12 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија23 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија23 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија24 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...