Вести
Прекината израелската блокада на Кабатија на Западниот брег
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/izraelska20blokada20zapaden20breg.jpg)
Израелската војска во саботата доцна вечерта објави дека ја прекинала блокадата на палестинскиот град Кабатија, на Западниот брег (од реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана од Израел палестинска територија, од каде што потекнуваат тројцата Палестинци кои во Ерусалим изведоа смртоносен напад.
„По процената на ситуацијата, одлучено е да биде прекината блокадата околу Кабатија“, изјави за AFP портпаролката на Војската за одбрана на Државата Израел.
Израелските сили во четвртокот и затворија приодите кон овој град со 15.000 жители во северниот дел од Западниот брег, каде што беше спроведувана голема операција која беше проследена со судири со локалното палестинско население.
Израелската војска уапси десет лица, роднини и пријатели на трите момчиња на возраст од 19 и 20 години, кои во средата убија израелска граничарка и ранија нејзина колешка во источен Ерусалим, дел од градот во кој се доминантни Палестинците, но кој го анектираше Израел.
Во споменатата операција израелските сили ги премерија домовите на напаѓачите, коишто инаку беа убиени во текот на нападите во средата. Тоа вообичаено се прави пред да бидат урнати куќите во кои живеат или живееле палестински напаѓачи, како мерка на израелските власти да го задушат палестинскиот бунт и насилствата.
Бранот насилства и напади со ножеви и возила веќе четири месеци ги потресуваат палестинските територии и Израел. Во ова насилство од 1-ви октомври 2015 година, загинаа 165 Палестинци, 26 Израелци, Американец и Еритреец, според статистиката што ја води AFP. Повеќето од Палестинците се убиени при извршување или обид да извршат напад./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.