Вести
Примирјето во Појасот Газа се почитува, продолжуваат преговорите

Примирјето во Појасот Газасе почитува и во вторник, втор ден по ред, а преговорите помеѓу иранските и палестинските власти, чија цел е да се постигне договор за сеопфатен и траен прекин на огнот, продолжуваат во текот на денот во Каиро.
Последниот договор за 72-часовно примирје се почитува, откако двете страни во понедленикот одржаа речиси десетчасовни посредни преговори во настојување да е постигне траен мир.
Израелските преговарачи се очекува да пристигнат во Каиро во текот на денот, откако за вчерашните разговори го известија премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Високиот претставник на израелската влада ги демантираше извештаите според кои е постигнат напредок во досегашните преговори, изјавувајќи за израелскиот радио и телевизиски Канал 2 дека разликите помеќу двете страни се големи и дека досега „не е постигнат никаков напредок“.
Израелското радио објави дека Израел нуди отстапки кои вклучуваат: проширување на риболовната зона покрај брегот Газа, стаснување на зоната на забрана за движење долж границата, можност 170 Палестинци дневно да ја минат израелската територија преку граничниот премин Ерез за да можат да патуваат на Западниот брег или во Јордан.
Покрај тоа, израелците повеќе нема да блокираат трансфер на пари за околу 40.000 државни службеници кои во Газа ги ангажираше Хамс, под услов паричните средства да бидат под меѓународен надзор и со нив да не управува Хамас, туку пензионираниот палестински претседател Махмуд Абас.
Хамас бара прекин на израелската и египетската блокада во Појасот Газа и отворање на пристаниште во енклавата. Израелците се подготвени тоа да го прифатат единствено во случај за време на некои идни преговори да се постигне договор за траен прекин на огнот.
Во последниот месец во судирите беа убиени 1.938 Палестинци и 67 Израелци, а во густо населеното подрачје на Газа причинета е голема материјална штета. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.