Контакт

Вести

Пронајдена ‘црната кутија’ од рускиот авион кој се урна на Синај

Објавено пред

Египетските власти ја пронашле црната кутија на рускиот авион „Airbus A321“ кој во саботата утрото се урна на Синајскиот полуостров, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот, од кои 25 деца, соопшти кабинетот на египетскиот премиер Шериф Исмаил.

dobivaj vesti na viber

Црната кутија ќе ја анализираат експерти, се наведува во соопштението, во коешто се прецизира дека војската досега префрлила 129 тела во мртовечниците во неколку болници во египетската престолнина Каиро. Истовремено заменикот министер за правда Шабан ал-Шами изјави дека им се предадени 34 тела на загинатите над кои експертите започнале ДНК анализа за утврдување на идентитетот.Египетскиот министер за воздушен сообраќај, Хосам Камил, изјави за електронското издание на дневниот весник al-Ahram дека пилотот на рускиот авион не испратил повик за помош, туку комуникацијата меѓу него и египетската контрола на летањето била нормална и непрекината додека авионот ненадејно исчезнал од радарот.Претходно египетската служба за контрола објави дека по 23 минути од полетувањето од аеродромот во летувалиштето Шарм ел-Шејк, откако релативно без проблеми достигнал до 9.400 метри што била височината на неговиот лет до Санкт Петербург, пилотот побарал слетување во Каиро поради дефект на радио уредот. Потоа врската била прекината..Руските истражни органи земаат мостри од горивата од компаниите од кои претходно бил полнет авионот. Исто така, направено е пребарување во просториите на компанијата „Когалмавиа“ на која ѝ припаѓал урнатиот авион, како и на неколку туроператори, при што е одземена документација. Телевизијата НТВ објави разговор со поранешната сопруга на вториот пилот на авионот, Сергеј Трухачев, која тврди дека тој се жалел на техничката состојба на авионот пред летот. „Постарата ќерка се слушнала со него пред да полета. Тој се жалел пред летот дека техничката состојба на воздухопловот бара само да посака сé најдобро“, рече жената во телевизискиот прилог.Француското Биро за истражување несреќи (BEA)- објави во саботата дека ќе испрати во Египет двајца свои стручњаци и шест технички советници од производителот на авионот „Airbus“, од каде претходно објавија дека авионот бил стар 18 години и минал 56.000 часови лет,  за да учествуваат во истрагата за несреќата на рускиот авион.На таа екипа ќе ѝ се придружат и двајца иследници од BFU, германското биро за истражување несреќи кои исто така го претставуваа производителот, и четворица иследници на МАК, руската комисија за истражување несреќи во сообраќајот.,соопшти BEA.Иако руските воздухопловни компании објавија дека нема да ги прекинат своите летови по истата рута која води над Синајскиот полуостров, неколку големи светски воздухопловни компании привремено ги пренасочија летовите за да ја избегнат областа во која се урна рускиот авион. Така, „Air France“ од саботата попладнето не лета преку Синај, додека не биде донесена поинаква одлука, изјави за AFP портпаролката на компанијата. „Таа мерка е преземена во очекување на објаснување на причините за падот на авионот“, додала.И германската компанија „Lufthansa“ следниот период нема да лета преку Синај, соопшти една од портпаролките на компанијата за дневниот весник Die Welt, напоменувајќи дека таа мерка е донесена од безбедносни причини додека не се дознаат причините за падот на авионот, за кој одговорноста ја презема во објава на Twitter џихадистичката група Исламска држава, чиј египетски огранок Ансар ал-Бејт ал-Макдс (Бранителите на Ерусалим), има засолништа на Синајскиот полуостров кои се под постојани напади на египетската војска.Египетските и руските власти ја отфрлија верзијата дека патничкиот авион бил соборен со ракета истрелана од терористите, сметајќи ја за малку веројатна поради тоа што авионот летал на голема височина и за негово соборување е потребен моќен ракетен систем./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија44 минути

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија3 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија4 часа

Запленети пиштоли, едно лице е во притвор, спречен обид за сериозен меѓународен криминал, соопшти Царинската управа

Царинската управа соопшти дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што биле запленети девет пиштоли од кои пет...

Македонија4 часа

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна...

Македонија4 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет4 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ5 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа8 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет8 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет9 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет9 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет9 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет22 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија1 ден

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...