Вести
Пронајдена црната кутија од урнатиот египетски авион
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/egipet20avion.jpg)
Црната кутија со снимачот на гласовите во пилотската кабина од авионот на египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“ кој исчезна во мај е пронајдена во четвртокот во водите на Средоземното Море.
Снимачот на гласот е оштетен, но делот кој ги содржи снимките е нечепнат, соопшти египетската истражна комисија.
Снимачот на гласот, кој се наоѓал во една од двете црни кутии, лоциран е од бродот „John Lethbridge“ специјализиран за потрага во длабоките води на приватната компанија „Deep Sea Search“ чие седиште е на Маурициус, којашто поради големото оштетување го спасувал во неколку фази. Пронајден е делот со мемориската единица, што е најважниот дел од уредот.
Сé уште не пронајдена втората црна кутија, сместена во опашката на авионот, во којашто се наоѓа записникот од техничките податоци за авионот, многу важна за откривање на причините на несреќата. Потрагата по неа ќе биде многу тешка, поради тоа што станува збор за област со најголемите длабочини во Средоземното Море, од околу три илјади метри. Се претпоставува дека ќе продолжи да емитува сигнали до 24-ти јуни.
Авионот е распарчен во мноштво парчиња, нема големи делови од трупот и прашање е дали воопшто ќе биде пронајдена втората црна кутија. Засега нема сигнал, па ќе биде преземена потрга на дното од морето која ќе трае со денови.
Авионот на „EgyptAir“ од типот „Airbus A-320-232“ на летото МS804 од Париз за Каиро со 66 патници и членови на екипажот исчезна од радарите утрото на 19-ти мај, во мигот кога го напуштил грчкиот и непосредно пред да навлезе во египетскиот воздушен простор. Тој се урнал во Средоземното море, а трупот беше лоциран во средата.
Според грчката истрага, авионот прво се накосил за 90 степени налево, а потоа за 360 степени во десно, понирајќи од височина од 11.300 метри на 4.600 метри, а потоа на 3.000 метри пред да исчезне од радарите,
Причината за падот на авионот сé уште не е позната. Не е исклучен терористички напад, но одговорноста за уривање на леталото не го презема ниедна екстремистичка организација. Но египетскиот министер за цивилно воздухопловство Шериф Фати минатиот месец изјави дека поверојатно е дека станува збор за терористички напад отколку механичка грешка./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.