Контакт

Вести

Путин – Асад: Решавањето на ситуација во Сирија е можно со учество на сите политички сили

Објавено пред

Русија е подготвена да придонесе не само во борбата со тероризмот во Сирија, туку и во политичкото решавање на тамошната ситуација преку контактите со другите држава и со учество на сите политички соли, етнички и религиозни групи во земјата, изјави руските претседател Владимир Путин на средбата со сирискиот колега Башар ал-Асад, истакнувајќи дека „крајниот збор треба да го има сирискиот народ“.

dobivaj vesti na viber

Патувањето во Москва е првата посета на сирискиот претседател Башар ал-Асад на странска држава од почетокот на граѓанската војна во март 2011 година, започната како политички преврат на сунитската опозиција поддржана од регионалните сунитски сили и Западот а подоцна се претвори во конфесионален судир во кој најмоќни станаа џихадистичките групации како Исламската држава и Џебхат ан-Нусра. Во судирите досега загинаа повеќе од 250.000 луѓе, а околу седум милиони се внатрешно раселени или заминаа во странство предизвикувајќи го најголемиот миграциски бран во Европа по Втората светска војна.

„Кога станува збор за решавањето на ситуацијата во самата Сирија, ние поаѓаме од тоа дека врз основа на позитивната динамика во борбените дејствија, долгорочно решение може да биде постигнато со учество на сите политички сили, етнички и религиозни групи“, рече Путин, според соопштението што го објави Кремљ на својата официјална интернет страница. Притоа рускиот претседател истакнал дека „решавачкиот збор, безусловно, траба да го има исклучиво сирискиот народ“.

Путин, во духот на децениската стратешка соработка меѓу Москва и Дамаск, уште еднаш истакнал дека Сирија е пријателска земја за Русија и оти неговата земја е подготвена да придонесе „не само во борбата против тероризмот, туку и во рамките на политичкиот процес“ во оваа блискоисточна земја. „Се разбира, во тесна соработка со другите светски земји и со државите од регионот, кои се заинтересирани за мирното решавање на конфликтот“, порачал рускиот претседател.

Ги истакнал и успесите на владата во Дамаск во борбата со екстремната исламистичка организација Исламска држава, којашто сé уште контролира значителен дел од територијата на Сирија. „Сирискиот народ е единствен и речиси самостојно се му спротиставува на меѓународниот тероризам изминативе неколку години, поднесе сериозни загуби но во последно време и бележи значителни позитивни резултати во таа борба“, истакнал рускиот челник.

Истовремено, Путин изразил загриженост поради заминувањето на руски и државјани од земјите ЗНД (Заедница на независни држави – поранешни советски републики) во борбите против владините сили во Сирија, а на страна на џихадистичките групации. „Тоа не загрижува, Русија има предвид дека, за жал, на територијата на Сирија против владините сили се борат и лица кои потекнуваат од републиките на поранешниот Советски сојуз, чиј број се проценува на најмалку четири илјади“, додал.

„Обидите на меѓународниот тероризам под своја контрола да стави значителни територии на Блискиот исток, да ја дестабилизира ситуацијата во регионот, предизвикуваат оправдани стравувања кај многу земји во светот“, забележал Путин и истакнал дека Москва „не може да дозволи државјаните од ЗНД да се здобиваат со борбено искуство и да бидат подложени на идеолошка индоктринација, и да се вратат на територијата на Русија“.

Сирискиот челник од своја страна се заблагодарил на „Русија и на рускиот народ“ за помошта на неговата земја изминатите години и особено затоа што се „залагаат за единството на Сирија и за нејзината независност“, според соопштението на Кремљ. „Најглавното е што сето тоа се прави во рамките на меѓународното право“, истакнал Асад.

Според него, политичките чекори коишто ги преземала Москва од самиот почеток на сириската криза не дозволиле настаните да се одвиваа според трагично сценарио.

„Политичките чекори што ги презема Русија од почетокот на кризата, не дозволија настаните во Сирија да добијат трагичен тек. Тероризмот кој сега е раширен во регионот, доколку не беа руските дејствувања и решенија, ќе заземеше многу поголема и ќе се распространеше на уште поголема територија“, истакнал Асад обраќајќи му се на Путин.

„Тие чекори се потврдија со тоа што преземавте чекор во борбените операции во обединетиот фронт во борбата со тероризмот“, заклучил Асад./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Топ1 час

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија2 часа

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија4 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет5 часа

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет5 часа

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет6 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија6 часа

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија17 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија17 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија19 часа

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија21 час

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија23 часа

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија24 часа

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија1 ден

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...

Македонија1 ден

(Видео) „100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја“, прашува Димитријевиќ

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема...

Македонија1 ден

Вонредни екипи ќе ги читаат броилата за време на празниците и викендите

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000...

Македонија1 ден

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата, велат од СДСМ

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за...

Македонија1 ден

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа...