Контакт

Вести

Путин ги истакна заедничките напори на Русија и САД во решавањето на конфликтите

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со американскиот државен секретар Џон Кери, којашто во четвртокот вечерта се одржува во Кремљ, ги истакнал заемните напори на двете земји во регулирањата на конфликтите, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во четвртокот во Москва, каде што и покрај загриженоста на американските функционери, ќе ѝ предложи на Русија јакнење на воената и разузнавачката соработка во борбата против Исламската држава и Ал Каеда во Сирија, а со нивото на соработка не е задоволна и Москва.

Пред состанокот во четвртокот доцна вечерта со рускиот претседател Владимир Путин, портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова изјави дека Кремљ не е задоволен од брзината на соработката меѓу руските и американските воени сили во Сирија.

На средбата со Кери, претседателот Путин, исто така, изрази надеж дека резултатите од консултациите во Москва ќе биде известен американскиот претседател Барак Обама.

„Нашиот последен телефонски разговор со американскиот претседател Барка Обама ме уверува дека искрено се стремиме не само кон процесот на соработка, неговото оформување, туку и постигнување на нашите резултати“, истакна рускиот челник.

„Се надевам дека во текот на нашите консултации ќе можеме да го известиме (Обама) и ве замолувам да му ги пренесете моите најдобри желби, за тоа дека ние почнавме напредна дискусија и решавање на редицата прашања“, додаде Путин обраќајќи му се на Кери пред новинарите пред почетокот на средбата.

Путин, покрај тоа, рече дека неговиот американски колега Обама го истакна руското ангажирање во ослободувањето на американските граѓани во Сирија. „Претседателот Обама го сврти вниманието на тоа што ние помогнавме во ослободувањето на еден ваш државјанин. Сакам да кажам дека ние на ваше барање ќе работиме во оваа насока и натаму, и очекуваме дека доколку се јави потреба, американската страна ќе ни одговори со конструктивна соработка“, реле Путин, пренесува агенцијата РИА..

На средбата во Кремљ присуствуваа и шефот на руската дипломатија Сереј Лавров, со кого Кери во петок ќе има засебна средба, како и помошникот на рускиот секретар Владислав Сурков, а од американската помошникот државен секретар Викторија Нуланд и амбасадорот на САД во Москва, Џон Тефт.

Весникот The Washington Post во четвртокот објави извештај во кој се предлага споделување на разузнавачките податоци за да се идентификуваат локациите на водствата, камповите за обука, линиите за снабдување и седиштата на Џебхат ан-Нусра, огранокот на Ал Каеда во Сирија. Воздушните напади на тие цели може да ги извршуваат американки или руски авиони, се наведува во извештајот.

Кери во Париз, пред да полета за Москва, одби да го коментира извештајот. „Одам во Москва, ќе се сретнам вечерва со претседателот Путин. Ќе имаме многу време за разговори, па ќе ви пренесеме каде стоиме“, им одговори Кери на новинарите.

Ова е втора посета на Кери на Москва од почетокот на годинава, а веќе четврта од 2015 година.

Висок американски функционер за Reuters изјавил дека Кери ќе разговара за начините на борбата против Исламската држава и Ал Каеда во Сирија, како и за борбата против насилствата, ослободувањето на трасите за хуманитарна помош, и за политичката транзиција во земјата. Во моментов не спроведуваме или ги координираме воените операции со Русија, а не е јасно дали ќе постигнеме договор за тоа“, рекол функционерот.

Проширената коорцинација меѓу Русија и САД би требала да биде канализирана преку Групата за заедничка имплементација чиешто седиште ќе биде во близина на јорданската престолнина Аман, Двете држави би формирале одвоени штабови за операциите, како и заедничко координационо биро во кое ќе ги претставуваат високи команданти, разузнавачи и стручњаци за воздушни напади.

Посетата на Кери се довива во период на затегнати односи меѓу Вашингтон и Москва, поради протерувањето на дипломатите, нарушувањата на примирјата во Сирија, одбивањето на САД да се бомбардира Ал Каеда и обвинувањата за руски бомбардирања врз сириските бунтовници кои ги поддржува Западот. Односите се напнати и поради украинската криза, активностите на НАТО на границите со Русија. Постојат стравувања дека несогласувањата може да ескалираат во судири, без разлика дали станува збор за случајност во Сирија или лоши калкулации во воздушните и поморските средни од Балтик до Црното Море./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

(Видео) Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде многу подобра година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје. Тој даде...

Европа1 час

(Видео) Путин во новогодишната порака: Уверен сум во победата на Голема Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изрази уверување во победата врз Украина, во својата новогодишна порака, речиси четири години по почетокот на...

Македонија3 часа

(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија...

Македонија4 часа

„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита...

Забава4 часа

Каролина Гочева: Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде

„Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева, на социјалните...

Македонија4 часа

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно...

Македонија6 часа

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија7 часа

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија8 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија10 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија10 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија10 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет11 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет11 часа

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет11 часа

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет11 часа

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија1 ден

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија1 ден

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ1 ден

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...