Вести
Путин ги нарече „хистерија“ обвинувањата за руското мешање во американските избори
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот ги нарече „хистерија“ обвинувањата за наводната желба на Москва да влијае врз исходот од претседателските избори во САД, фаворизирајќи го републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
Путин ги квалификуваше како „митски проблем и хистерија“ изјавите за влијанието на Русија врз текот на предизборната кампања во САД.
„Во САД се разви хистерија околу влијанието на Русија врз американските претседателски избори“, истакнувајќи дека станува збор за тоа што американската политичка елите повеќе нема што да каже за сериозните прашања, како што се националниот долг или контролата на оружјето.
„Елитата очигледно нема ништо друго да каже за да го примири општеството, па е поедноставно да се привлече вниманието на луѓето со ткн информатичките пирати, шпиони, агенти, руско влијание“, додаде Путин.
Зборувајќи пред странските експерти за надворешни работи кои се собраа во Сочи на годишното заседание во организацијата на невладините организација на Меѓународниот дискуциски клуб Валдаи, Путин рече дека е тешко да се поверува дека Москва е способна да влијае врз изборите во САД на 8-ми ноември.
„Зарем навистина некој мисли дека Русија на кој и да е начин би можела да влијае на тоа како ќе гласа американскиот народ: Америка е голема држава, а не банана држава“, истакна рускиот претседател Владимир Путин..
Според Путин, обвинувањата дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е миленик на Москва е „потполно бесмислено и валканица“. Сличните изјави е начин на политичка борба и манипулирање со јавноста, смета рускиот претседател.
Русија, повеќе или помалку, е рамнодушна кон тоа кој на крајот ќе стане претседател на САД, посочи Путин, бидејќи според него невозможно е да се предвиди како ќе се однесуваат и републиканскиот кандидат и неговата демократска ривалка Хилари Клинтон, доколку победат. Посочи притоа дека на референдумите и изборите во светот сé почесто се случуваат изненадувања за властите.
Американската влада службено ја обвини Русија дека води кампања со кибернетички напади на институциите на Демократската партија, додека кандидатката на оваа партија Хилари Клинтон го обвини републиканскиот против кандидат Доналд Трамп дека е „марионета на Путин“./крај/мф/сн
Извор: AFP/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.