Контакт

Вести

Путин и Камерон разговараа за падот на рускиот авион во Египет

Објавено пред

На иницијатива на британската страна во четвртокот се одржа телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Дејвид Камерон, кој претходно изјави дека неговата земја и Египет тесно соработуваа во врска со несреќата на рускиот патнички авион на Синајскиот полуостров во кој загинаа 224 патници и членови на екипажот.

dobivaj vesti na viber

„Челниците разменија мислења за ситуацијата во врска со падот на рускиот авион над Синајскиот полуостров. Владимир Путин истакна дека во оцените за причината на несреќата неопходно е да се оперира со податоци кои ќе бидат појаснети и расчистени во текот на официјалната истрага“, се наведува во соопштението на Кремљ во кои се додава дека рускиот претседател и британскиот премиер ја искористеле можноста и да дискутира за „заедничката борба против тероризмот“.

Претходно во четвртокот британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека ќе разговара со рускиот претседател за ситуацијата околу безбедност на летовите Шарм-ел-Шејк од каде што полета рускиот патнички авион со туристи кој се урна во саботата и појасни зошто Лондон ги забрани летовите на своите воздухопловни компании во египетското летувалиште.

„Разговараме за ситуацијата со европските колеги, со Американците. Наскоро ќе му се јавам и на претседателот Путин, за да ја разгледаме ситуацијата и со него“, рече Камерон.

На прашањето зошто британските воздухопловни компании ги сопреа летовите во Шарм-ел-Шејк и обратно, Камерон истакна дека владата ја донела оваа одлука врз основа на разузнавачките информации и стручни мислења.

„Сето ова ќе го разговараме со Путин и ќе му објаснам зошто ги преземавме овие мерки. А тоа како мерки ќе бидат преземени во врска со руските туристи, тоа ќе го решава тој“, изјави британскиот премиер.

„Мојата задача е да се преземат сите неопходни мерки за да се заштитат интересите на британските граѓани“, рече Камерон ветувајќи дека ќе стори „сé што е можно да бидат вратени дома“ Британците коишто останаа во летувалиштето. Вети притоа дека тоа ќе го стори „што е можно поскоро“.

Последните три дена три земји, Велика Британија, Ирска и Холандија објавија дека го суспендираат летањето на своите воздухопловни компании за Шарм-ел-Шејк.

Камерон, исто така, изјави дека неговата земја и Египет тесно соработуваат во случајот на падот на рускиот авион. На заедничката прес-конференција со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Лондон, Камерон настојуваше да ги ублажи можните тензии предизвикани од одлуката да се сопрат сите летови кон Шарм-ел-Шејк.

„Интензивно соработуваме и неизмерно сум благодарен на сите напори кои досега ги вложија египетските власти“, изјави Камерон за новинарите. Нагласи дека Британија ќе преземе порешителен пристап во решавањето на секој вид екстремизам.

Египетскиот претседател ал-Сиси, кој имаше работен ручек со Камерон, изјави дека на Египет пред 10 месеци му било упатено барање за проверка на безбедноста на споменатиот аеродром.

„Ја разбравме нивната загриженост, бидејќи навистина ги интересира безбедноста на нивните граѓани“, рече Сиси истакнувајќи дека „Египет е целосно подготвен на соработка со сите пријатели“ за да се гарантира безбедноста на сите странски туристи. Поздравувајќи го „големото заемно разбирање“, египетскиот претседател изрази надежи во „што поскоро“ враќање во нормала.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во интервјуто за британскиот весник The Daily Telegraph од средата ја критикуваше верзијата за можен терористички чин, велејќи дека таквите извештаи се „избрзани и не се темелат врз вистинити факти“.

Во Лондон претходно во четвртокот својот потег го објаснија со „сериозните сомневања“ дека причината за падот на рускиот патнички авион била детонација на експлозивна направа во авионот. Во средата американската телевизија CNN и агенцијата Associated Press, повикувајќи се на американски разузнавачки извори, објавија дека за веројатна причина на падот се смета експлозија на бомба. Притоа, беше нагласено дека тоа не може да се смета за конечен и официјален заклучок на американското разузнавање, а Стејт департментот истакна дека медиумските извештаи „не го одразуваат официјалниот став“ на Вашингтон во врска со трагедијата.

Во меѓувреме рускиот Центар за судска медицина објави дека стручњаците од Русија и Египет за време на прелиминарните истражувања на телата на жртвите не нашле на траги од надворешни повреди на телата, и никакви траги од можена експлозија. Руската служба за безбедност во сообраќајот, исто така, објави дека руско-египетските стручни тимови ќе ги прегледаат повторно деловите од урнатиот авион, товарот, како и личниот багаж и облеката на патниците, со цел да се утврди дали во авионот се внесени потенцијално опасни или експлозивни супстанции.

Од друга, од руската техничка комисија кои ја истражуваат несреќата, истакна дека појавата на протекување на информации во медиумите, коишто наводно се повикуваат на извори блиски на истрагата негативно влијаат врз текот на целата истрага./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија4 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија5 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија6 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ6 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија7 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија8 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет10 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет10 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет11 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет11 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет11 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија22 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет22 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија24 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија1 ден

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ1 ден

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија1 ден

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...