Контакт

Вести

Путин и Кери не разговарале за воена соработка во Сирија, Русија не го менува ставот за Асад

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Џон Кери, не разговарале за воената соработка против џихадистите во Сирија, во текот на состанокот во четвртокот ноќта во Кремљ, соопшти во петокот портпаролот на рускиот претседатели, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Беа разгледувани различни формати, но темата на непосредна соработка и заедничко дејствување на воените структури на планот на борбата против тероризмот (во Сирија) не беше тема на разговорите“, изјави Песков за новинарите.

Според портпаролот на Кремљ, размената на информации во оваа сфера „се одвива, но сепак, за жал, не се приближивме реално до вистинска соработка со цел да се зголеми ефикасноста на борбата против тероризмот во Сирија“.

„Беше продолжена комуникацијата, која е доста конструктивна, доста отворена и детализирана“, изјави Песков истакнувајќи дека разговорите меѓу Путин и Кери завршиле „многу по полноќ“, а започнаа во 22 часот по московско време.

Притоа Песков констатираше дека по средбата „и натаму остануваат многу прашања во врска со реалната вистинската соработка во рамките на исполнувањето на операциите во Сирија“.

Кери во Москва, во својата втора посета оваа година или четврта од 2015-та, пристигна во четвртокот вечерта и веднаш се сретна со Путин и со рускиот колега Сергеј Лавров, со кој подоцна во петокот ќе има засебни разговори.

Според извештаите кои ги објавија во четвртокот американските медиуми Кери во Москва, и покрај несогласувањето на многу американски функционери требало да ги претстави планот во кој се предлага споделување на разузнавачките податоци за да се идентификуваат локациите на водствата, камповите за обука, линиите за снабдување и седиштата на Џебхат ан-Нусра, огранокот на Ал Каеда во Сирија. Воздушните напади на тие цели може да ги извршуваат американки или руски авиони, се наведува во извештајот.

Проширената координација меѓу Русија и САД, според овие извештаи, би требала да биде канализирана преку Групата за заедничка имплементација чиешто седиште ќе биде во близина на јорданската престолнина Аман, Двете држави би формирале одвоени штабови за операциите, како и заедничко координационо биро во кое ќе ги претставуваат високи команданти, разузнавачи и стручњаци за воздушни напади.

Високи американски функционери изјавија дека Кери ќе разговара за начините на борбата против Исламската држава и Ал Каеда во Сирија, како и за борбата против насилствата, ослободувањето на трасите за хуманитарна помош, и за политичката транзиција во земјата.

Москва минатата седмица неколкупати потсети дека едно од главните несогласувања со Вашингтон е неговото одбивање да се дејствува врз групата Џебхат ан-Нусра, која е ставена на листата терористички организации на ОН. Имено некои од групациите во Сирија кои како „умерени“ ги поддржуваат САД, тесно соработуваат на теренот со сириската Ал Каеда.

Позициите за иднината на Асад

„Кога станува збор за судбината (на сирискиот претседател Баша ал-) Асад, добро познатата позиција на Русија не е променета“, истакна портпаролот на Кремљ. Тоа значи дека Москва и натаму е со ставот дека сирискиот претседател треба да биде вклучен во транзицијата на земјата, и оти за неговата политичка иднина треба да решаваат единствено Сиријците на непосредни избори.

Песков додаде дека Русија продолжува со заложбите за продолжување на преговорите за решавање на сириската криза. Според него, само преку продолжување на процесот на меѓусириските индиректни преговори во Сирија по покровителство на ОН може да се дојде до политичко решавање на ова прашање.

Покрај тоа, Песков негативно одговори на прашањето дали Кери на средбата со Путин го покренал прашањето за продолжува на Договорот за намалување на стратешкото вооружување.

Песков, исто така, одби да даде оцена дали е остварен напредок во разговорите меѓу Русија и САД. „Го кажав сето она што го имав за оваа тема“, истакна додавајќи дека главните оцени ќе ги дадат Лавров и Кери./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија9 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија9 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ12 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија12 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет14 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет14 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет15 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион15 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет15 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...