Контакт

Вести

Путин: Информациите за цивилни жртви се појавија пред да полетаат авионите

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече „информативна војна“ изјавите за наводни цивилни жртви во руските воздушни удари во Сирија, додека руското министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта кон четвртокот биле извршени нови напади.

dobivaj vesti na viber

„Кога станува збор за сите информации во медиумите дека настрадало цивилно население, ние бевме подготвени на таквите информативни напади. Би ви го свртил вниманието на тоа дека првите информации дека наводно има жртви меѓу цивилното население се појавија пред да полетаат нашите авиони“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заседанието на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права.

„Сепак, тоа не значи дека не треба да се земаат предвид таквите информации“, додаде Путин.

Претходно руското министерство за одбрана дека цели на руските воздушни напади се исклучиво командни центри, воени позиции и складишта на терористичките организации, а ја избегнуваат цивилната инфраструктура и населените места.

Путин, покрај тоа, истакнал дека Русија ги координира своите операции во Сирија со американското разузнавање и со Пентагон, како и дека Москва и Вашингтон имаат намера да воспостават итен механизам за координирање на нивите операции во оваа земја.

Руското министерство за одбрана објави во четвртокот дека „руското воздухопловство извело четири воздушни удари во текот на ноќта врз позиции на Исламската држава на сириска територија“, и тоа во покраините Идлиб, Хама и Хомс,.

Во операцијата во којашто учествувале авионите од типот „Сухој“ – „Су-24“ и „Су-25“ во осум полетувања уништеле еден команден центар на Исламската држава и складиште за муниција во Идлиб, во северозападна Сирија, како и една работилница каде што се подготвувале автомобили-бомби северно од градот Хомс., Бил нападнат и команден пункт во областа на Хама. Сите напади го извеле авионите распоредени во воздушната база Латакија, во северозападна Сирија, се додава во соопштението.

Руското министерство за одбрана и во четвртокот тврди дека нападите се изведуваат „подалеку од населени места“ за да се избегнат цивилни жртви, благодарејќи на информациите собрани од „различни извори“ и од извидување со беспилотни летала кои детално се проверуваат.

Еден сириски безбедносен извор за агенцијата AFP ги потврдил споменатите напади, а според него меѓу целите биле бази на Војската на освојување во покраината Идлиб и „позиции со вооружени групи, бази и складиште во Хуваша, во покраината Хама“.

Војската на освојувањето е формација којашто ги обединува Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, и другите исламистички групации како Ахрар ал-Шам./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Утре протест поради загадениот воздух

Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието...

Свет3 часа

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми. Портпаролот на Кремљ Дмитриј...

Свет4 часа

Хеликоптерска несреќа во Турција: 6 лица загинаа, повреден припадник на вооружените сили на Босна и Херцеговина

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека шест членови на екипажот загинале при пад на хеликоптер УХ-1, кој изведувал тренажен...

Свет4 часа

Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не поставува услови“ и дека одлучувачкиот чекор во...

Македонија5 часа

Градоначалникот на Прилеп со 5 директори фатени во криминал со превозот на ученици, тврди Лукароска

„На денешниот Меѓународен ден за борба против корупцијата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обелоденува нов случај за незаконско работење на избрани...

Топ6 часа

(Видео) Уапсен е напаѓачот кај Транспортен за кој се пишуваше на социјалните мрежи

Вчера во 06.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од...

Регион6 часа

Успешно опериран Милорад Додик, од операционата сала е префрлен на одделението за интензивна нега

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска....

Скопје7 часа

Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали, па организираат протест пред Уставен суд за да не завршат во друг суд

ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС...

Свет8 часа

На претседателот на Јужна Кореја му е забрането да ја напушта земјата

На јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јеол му е забрането да ја напушти земјата, бидејќи опозициските политичари ја обвинуваат Партијата на народна...

Свет8 часа

Уапсен патник откако се обидел да го пренасочи авионот од Мексико во САД

Мексиканските власти и авиокомпанијата „Воларис“ објавија дека 31-годишен маж е уапсен во неделата наутро за наводен обид да пренасочи комерцијален...

Свет8 часа

Земјотрес регистриран во Словенија

Во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени, со епицентар кај Шкофја Лока, соопшти локалната агенција за животна...

Свет9 часа

Во протестите во Тбилиси 150 полицајци повредени, а околу 400 демонстранти беа приведени

Над 150 полицајци се повредени за време на протестите на приврзаниците на опозицијата во Грузија, соопшти грузиското Министерство за внатрешни...

Свет9 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди југозападниот дел на Ел Салвадор

Серија земјотреси ја погодија централноамериканската држава Ел Салвадор, од кои најсилниот земјотрес, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала,...

Топ20 часа

Најдени три починати лица во куќа во Неготинско која се користела како импровизиран верски објект, меѓу нив 14-годишно дете

Четиринаесетгодишно дете и уште две возрасни лица биле најдени починати во неготинското село Црвени Брегови. Обвинител изврши увид на лице место,...

Свет22 часа

Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската...

Македонија23 часа

(Видео) ДУИ пред Уставен: „Ќе останеме тука до среда за кога е закажана седницата за Законот за јазиците“

Активисти на ДУИ се собраа пред Уставниот суд и, како што најави партискиот функционер, Арбер Адеми, ќе останат таму до...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во палатата на Башар ал-Асад: уништен дел од инвентарот, се крадат вредни предмети

Сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад откако го освоија Дамаск. Набрзо тие упаднаа во палатата...

Македонија1 ден

Мицкоски: Група на ексфункционери од ДУИ се обидува да прави етнички поделби, стратешките партнери се запознаени

Обидите за етнички поделби ги прави изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен огромен...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски сака договор со Русија и крај на лудилото

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е заинтересиран за договор за ставање крај на...