Контакт

Вести

Путин ќе ја продолжи соработката со Асад против тероризмот

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин ги потврди намерите да ја продолжи соработката со сирискиот претседател Башар ал-Асад во борбата против тероризмот, изјави шефот на сириската дипломатија Валид Муалем кој во средата првпат се сретна со рускиот челник зад затворени врати и разговараше за покренување на мировниот процес, што го потврди подоцна и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со колегата од Сирија.

dobivaj vesti na viber

Во кусото соопштение Кремљ само наведе дека рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем во Сочи „разговарале за руско-сириските односи“.

„За мене претставуваше голема чест да се сретнам со Путин, а средбата беше многу продуктивна. За време на средбата Путин ја потврди намерата да ги развива односите со Асад со цел да се искорени тероризмот“, изјави Муалем за новинарите по средбата, пренесе РИА Новости.

Москва треба да ја покрене новата рунда мировни преговори меѓу владата на сирискиот претседател алавитот Башар ал-Асад и делот од сунитската опозиција, кои западнаа во ќорсокак речиси десет месеци по мировната конференција ткн Женева 1 од 2012 година и Женева 2 од јануари и февруари 2014 година.

Фактот што Путин ја прими сириската делегација, првпат од избувнувањето на сирискиот конфликт во март 2011 година кој прерасна во секташки судир, ја покажува важноста која рускиот претседател ѝ ја придава на оваа посета, бидејќи досега контактите меѓу Дамаск кој е единствениот стратешки сојузник на Москва на Блискиот исток, вообичаено ги водеше шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, коментираат западните медиуми.

Лавров, исто така, најверојатно присуствувал на средбата меѓу Путин и Муалем, но тоа остана нејасно. Рускиот дипломат по средбата изјави дека Русија и Сирија се согласни дека тероризмот е главната закана за стабилноста на Блискиот исток.

„Русија ќе продолжи да ја поддржува Сирија во соочувањето со таа закана“, изјави Лавров.

„Борбата против тероризмот мора да се спроведува без двојни стандарди, а во врска со тоа се поставува прашањето за коалицијата којашто ги изведува воздушните напади врз Исламската држава без согласност на Дамаск. Отвореното идеологизирано одбивање на САД (да соработува со Дамаск) изгледа неадекватно во заднината на успешното завршување на отстранувањето и уништувањето на хемиското оружје од Сирија, што ја потврдува подготвеноста за договори на Дамаск“, рече Лавров, пренесе агенцијата ТАСС.

„Ги осудуваме обидите да се искористат терористичките групи за промена на власта во Сирија“, истакна Лавров алудирајќи на досегашната отворената поддршка за сириската сунитска опозиција во егзил и на боиштата од страна на земјите од регионот и од Западот и премолчувањето дека таа соработува од 2011 година со радикалните сунитски исламистички групи на различни сектори на сириското боиште против силите лојални на владата на Башар ал-Асад, како Исламската држава и Фронтот ан-Нусра кои во 2014 година се прогласени за терористички организации. „Москва и Дамаск се единствени во ставот дека борбата против тероризмот и екстремизмот е најважниот фактор за настаните на Блискиот исток“, порача шефот на руската дипломатијата.

Руското министерство за надворешни работи потврди во соопштение дека на средбата било разговарано за покренување на мировниот процес. „Проблемот на промовирањето на политичкиот процес во Сирија беше во фокусот на средбата“, се наведува во соопштението на руската дипломатија.

Русија, како главен сојузник на Башар ал-Асад, повторно ќе ја предложи московската платформа за контактите меѓу функционерите на сириската владата и широкиот спектар политички и социјални сили во сириското општество, прецизираше руското министерство за надворешни работи. Во минатото во Москва беа организирани неколку вакви средби, кои пропаднаа поради исклучивоста во прв ред на сириската опозиција која бара неизоставно заминување од власта на Асад, и не беа постигнати повидливи ефекти.

„Имаме многу прашања за политичкото решение во Сирија и не можеме да разговараме без Сиријците. Затоа оваа посета е важна“, изјави за РИА Новости заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рибкин.

Барањето на Дамаск да биде забрзана испораката на руските противвоздушни ракетни системи „С-300“, поради стравувањето дека воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД врз позициите на Исламската држава во североисточна Сирија без координација со Дамаск подоцна може да се претвори во операција против силите на претседателот Асад, исто така, може да биде тема на разговорите во текот на посетата на Муалем којашто завршува во четврток, пишуваат руските медиуми./кај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија9 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија9 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ12 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија12 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет14 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет14 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет15 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион15 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет15 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...