Контакт

Вести

Путин: Разговорот со Обама, изненадувачки, беше многу искрен

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во вторникот дека неговиот разговор со американскиот колега Барак Обама во понеделникот во Њујорк, на маргините од Генералното собрание на Обединетите нации, бил искрени и покажал дека двете страни може да заедно да работата на заедничките проблеми.

dobivaj vesti na viber

„Средбата со (американскиот претседател Барак Обама) беше многу корисна. И што беше особено пријатно, таа беше многу отворена“, изјавил рускиот претседател Владимир Путин. Навраќајќи се на разговорот, тој истакнал дека бил „изненадувачки многу искрен“, како и конструктивен и деловен.

„Сметам дека американските партнери сосема јасно ја искажаа својата позиција по многу прашања, вклучително и за решавањето на ситуацијата во Украина, сирискиот проблем во воопшто на Блискиот исток. Имаме, зачудувачки, многу заеднички точки и ставов. Но постојат и разлики“, рекол рускиот челник, додавајќи дека разликите се многу добро познати.

„Но, според мое мислење, има можност да работиме заедно на заедничките проблеми“, заклучил Путин.

Последен пат Путин и Обама се сретнаа во септември 2013 година во Санкт Петербург, во рамките на самитот на Г20, кога главна тема беше ситуацијата во Сирија, а потоа од почетокот на 2014 година односите меѓу Москва и Вашингтон значително заладија, поради кризата во Украина, така што меѓу нив се одржаа само неколку телефонски разговори и куси средби „од нога“ на во јуни и ноември 2014-та во Нормандија и Кина.

На новинарско прашање во врска со различните изјави од Вашингтон и Москва во врска за тоа кој бил иницијаторот на средбата, рускиот претседател рекол дека „американските партнери ја предложија оваа средба, и како што веќе кажа мојот помошник (Јуриј Ушаков – з.м.), истовремено понудија две опции за терминот. Ние избравме една од нив. Тоа е сé“, рекол Путин.

Притоа Путин рекол дека не се согласува со изјавите дека долго време немал контакт со американскиот претседател Обама. „Не е така, ние разговаравме, и телефонски, и на меѓународни настани, накусо се среќававме, но секогаш ги разгледувавме клучните прашања, билатералните односи и меѓународната агенда“, појаснил рускиот претседател.

Според него, доколку немало такви средби, како оваа од понеделникот „пред камерите“, тоа не значи, дека воопшто немало контакти. „Контактот воопшто не беше прекинат, во овој поглед нема може да има никакви проблеми и не се потребни шпекулации“, одговорил Путин.

Но притоа констатирал дека односите меѓу САД и Русија во моментов „за жал“, се на ниско ниво „но не по вина на Москва, туку по избор на Вашингтон“. „Ние секогаш сме подготвени да ги развиваме односите, да го востановиме целосно“, изјавил Путин за новинарите во Њујорк.

Зборувајќи за разликите меѓу двете страни, тој додал дека се договорил со Обама заедно да работат на нивното надминување.

Путин од новинарите бил прашан да објасни што значи фотографијата од официјалниот ручек приреден од генералниот секретар на ОН, на која Путин и Обама се регистрирани со подигнати чаши а местото на Бан Ки-Мун меѓу нив е празно, на што овој веднаш одговорил дека претставници на медиумите „многу го изненадуваат“, бидејќи ништо не се случило, на овој протоколарен настан.

„Ги кренавме чашите за здравица, којашто ја кажа Генералниот секретар кој беше на подиумот. Претседателот на САД, како љубезен човек, едноставно ја крена чашата и се чукнавме во чест на генералниот секретар и развојот на ОН“, коментирал во продолжениот Путин.

Американските и руските медиуми забележуваат дека средбата меѓу претседателите Обама и Путин траела речиси двојни подолго отколку што било планирано, односно од најавените 55 минути продолжила на час и 40 минути, и оти таа е прва средба со целосен протокол меѓу челниците на двете сили од јуни 2013 година. На почетокот од средбата Путин и Обама се ракуваа пред новинарите и снимателите, без да кажат ниту збор./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната...

Македонија12 часа

Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица

Книга на жалост е отворена за јавноста во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје, по падот на натстрешницата...

Македонија14 часа

Ахмети до Мицкоски: Не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност

„Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања...

Македонија15 часа

Мицкоски до ДУИ: За избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време, сега подгответе се за одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе...

Македонија17 часа

Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал...

Топ18 часа

Должничко-доверителски односи можен мотив за убиството во Арачиново

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е...

Македонија20 часа

Во сопствениот дом била убиена 29-годишната жена од Штип

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на...

Свет21 час

Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот...

Топ1 ден

Два лица повредени во престрелка во Арачиново

Вечерва на Клиника со повреди од огнено оружје биле примени две лица од Арачиново. Според МВР на 01.11.2024 околу 19...

Македонија2 дена

АХВ: Од 41 дом за стари лица 14 не биле регистрирани – уништени 40 килограми небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41...

Македонија2 дена

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор, ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа

Вчера, на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и...

Македонија2 дена

(Видео) Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени, рече Кузеска

„Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на...

Македонија2 дена

ДУИ: Мицкоски да ги објави СМС-пораките денес

„Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицкоски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС...

Европа2 дена

Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон. Дождот, иако не се очекува...

Македонија2 дена

Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, соопшти Министерството за транспорт

„Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото...

Свет2 дена

(Видео) Нови израелски напади на јужен Бејрут

Израел изврши воздушни напади во петокот рано наутро врз јужните предградија на Бејрут, први напади врз градот по речиси една...

Македонија2 дена

Почина Зоран Василевски – Зоки Фаци

Утрово, по долга борба со ракот, во 6.40 почина македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Веста за...

Европа2 дена

Шефот на американската дипломатија: Русија ги обучува севернокорејските војници во артилерија, беспилотни летала

САД очекуваат пристигнување на севернокорејската армија во руската област Курск, која треба да започне да војува против Украина во наредните...

Европа2 дена

Сателитските снимки ги покажуваат областите пред и по поплавите во Шпанија

Сателитски снимки на НАСА покажуваат колку поплавите ја погодија Валенсија и околните градови. Сликите направени на 30 октомври покажуваат големи...

Македонија3 дена

Зголемен бројот на случаи со лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат пораките

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување...