Вести
Путин: Русија и САД трагаат по решенијата за најсложените кризи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/keri20putin20kremlj.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од средбата со американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, по нивниот одделен состанок претходно во вторникот, изјави дека е задоволен од можноста да разговара за предлозите на САД, и истакна дека Москва и САД трагаат по решенијата за најсложените светски кризи.
„Познато е дека заедно со вас ги бараме решенијата за најсложените кризи. Убеден сум дека на денешната средба во министерството за надворешни работи американската страна подготви свои визии за решавањето на низа проблеми, вклучително и сириската криза“, изјави рускиот претседател Владимир Путин примајќи го во Кремљ американскиот државен секретар Џон Кери придружувани од неговиот руски колега Сергеј Лавров, и нивните соработници.
Претходно во вторникот Лавров и Кери повеќе од три часа разговараа, како што пренесуваат агенциите, на најавена како главна тема решавањето на конфликтот во Сирија и перспективите на заедничките напори во борбата со меѓународниот тероризам. Според информациите, двајцата дипломати, исто така, разговарале и за кризата во Украина и за низа билатерални прашања.
На отворањето на состанокот, Лавров и Кери се согласија дека соработката на меѓу Москва и Вашингтон е неопходна за решавањето на голем број важни меѓународни прашања и изразија надеж во напредокот во голем број теми во текот на посетата на американскиот државен секретар.
Путин на почетокот од средбата со Кери најави дека има намера со шефот на американската дипломатија да разговара за американските предлози за решавањето на сириската криза.
„Министерот Лавров детално ме информираше за вашите предлози, и за некои прашања за кои се потребно дополнителни разгледувања. Многу сум задоволен од средбата со вас и од можноста да дискутираме за сиве овие прашања“, рече Путин.
Кери обраќајќи му се на рускиот претседател изјави дека Вашингтон и Москва заедно можат да сторат многу за да се справат со сириското прашање
„Како и Виена 1 (разговорите за сириската криза во австриската престолнина), така и Виена 2, беше добар почеток и тие отвораат цела низа можности. Совршено е јасно дека и јас и Лавров сме согласни дека заеднички Русија и САД можат да направат многу за придвижување на процесот“ на решавање на конфликтот во Сирија, рече Кери.
Пофалувајќи ги напорите на руската страна и неговиот колега Лавров за соработката со САД, Кери ги истакна неодамнешните куси средби на претседателите Путин и Обама, во Њујорк и Париз. „И вие, и претседателот Обама, изразивте посветеноста да ни помогнете мене и на Лавров, и на нашите тимови, да се развие пристапот кон решенијата на прашањата кои се поврзан со Украина и со Сирија“, истакна американскиот државен секретар.
Претходната посета на Кери на Русија беше на 12-ти мај годинава, кога Путин ги примо во неговата резиденција Сочи, исто така, по разговорите со Лавров. Притоа, медиумите одбележаа дека средбата наместо првично закажаните 90 минути траеше повеќе од четири часа во неформална атмосфера./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.