Контакт

Вести

Путин: Русија не е таа што бара судир со САД, конфронтациите започнаа со распадот на Југославија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин, која престојува во Индија на самитот на земјите од групата БРИКС, одговарајќи на новинарски прашања одговори дека Русија не е таа којашто бара судир со САД и оти не се обидува да влијае врза американските претседателски избори, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

На крајот од дводневниот самиот на челниците на држави од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), рускиот претседател Владимир Путин во индиската сојузна држава Гоа рече дека ќе соработува со кој и да е челник на САД кој ќе има желба да соработува со Русија отфрлајќи ги обвинувањата дека Москва го помага републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Путин, исто таа, ги отфрлил американските закани дека ќе одговорат на наводните руски хакерски напади и оти ќе извршат кибернетички напад врз Москва и врз цела Русија, велејќи дека таквите изјави само потврдуваат дека Вашингтон ги користат кибернетичките напади за политички цели.

Рускиот челник, рече и дека таквите закани кои дојдоа од потпретседателот на САД Џозеф Бајден не покажале ништо ново, „бидејќи е познато дека тие секого шпионираат и секого прислушуваат“ и „ не само потенцијалните непријатели, туку и своите најблиски сојузници“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека тавата закана од Бајден е без преседан во меѓународната комуникација и додаде дека Русија ќе ги преземе сите мерки на претпазливост и заштита.

Путин изразил надеж дека билатералните односи меѓу Русија и САД ќе се подобра по американските претседателски избори на 8-ми ноември.

„Би сакал да ве уверам сите, вклучително и нашите американски партнери и пријатели, дека немаме намера да се мешаме во американската предизборна кампања“, рекол рускиот претседател, истакнувајќи дека „играјќи на руската карта“, американската администрација сака да ги прикрие своите неуспеси, како што се големиот државен долг, слабата дипломатија на Блискиот исток и напнатите односи со сојузниците во тој регион.

„Доколку некој сака конфронтација, тоа не е нашиот избор. Напротив, би сакале да најдеме заеднички јазик и да соработуваме во решавањето на глобалните проблеми со коишто се соочени и Русија и САД“, порачал Путин.

На прашањето дали односите меѓу Русија и САД се влошиле поради Сирија, Путин одговорил дека сето тоа започнало со распадот на Југославија

„Грешите, сетете се што се случуваше во Југославија. Од таму сето започна. Патем, Борис Елцин беше посебен. Кога зазема прилично цврст став по прашањето на Југославија, веднаш сите започнаа да се присетуваат дека сакаше да пивне. Така започна дискредитирањето. Ете, од таму сето започна“, рекол Путин.

Русија во неделата објави дека сите учесници на состанокот во Лозана се согласиле дека Сиријците би требало самите да одлучуваат за својата иднина преку инклузивен дијалог, како и дека земјата би требала да остане цела, откако саботниот состанок во Швајцарија заврши без конкретни резултати.

Руското министерство за надворешни работи објави дека за да заживее прекинот на огнот во Сирија, сириската сунитска вооружена опозиција којашто ја поддржуваат САД и нивните регионални сунитски сојузници и ја сметаат за умерена, мора да се дистанцира од исламистичката групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, која го промени името во Џебхат Фатех ал-Шам, и од другите блиски „терористички“ групи“.

„Истовремено, треба да биде јасно дека операциите против терористите на Исламската држава и Џенбхат ан-Нусра ќе продолжат“, порача руската дипломатија.

На состанокот во саботата во Лозана, кој го свика американскиот државен секретар Џон Кери не беше постигнат, како и што се очекуваше, договор за заедничка стратегија со Русија за запирање на војната во Сирија, која започна во март 2011 година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија3 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија3 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ5 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија5 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет7 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет7 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ8 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија9 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет9 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа10 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет10 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија1 ден

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет1 ден

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија1 ден

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија1 ден

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...