Контакт

Вести

Путин: Русија нема да толерира вакви инциденти

Објавено пред

Русија нема да толерира вакви злосторства како што беше нападот врз рускиот „Су-24“, за кој Турција тврди дека е соборен во нејзиниот воздушен простор, додека Москва тврди дека е нападнат над Сирија, порача рускиот претседател Владимир Путин и истакна дека руската страна „се разбира, внимателно ќе го анализира она што се случило, а денешниот трагичен настан ќе имаа сериозни последици за руско-турските односи“, обвинувајќи ја Турција дека ѝ зарила „нож во грбот“ на Русија во борбата против терористите, посочувајќи ја турската поврзаност со трговијата на Исламската држава со нафтата од Сирија и обвинувајќи ја Анкара дека прави обид НАТО да го стави во заштита на терористите.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата за медиумите во текот на средбата во Сочи со јорданскиот крал Абдула Втори, дадена во вторникот во врска со турското соборување на рускиот борбен авион во Сирија, рускиот претседател Владимир Путин посочи меѓу другото дека Русија отсекогаш кон Турција се однесувала не како близок сосед, туку како кон пријателска држава. „Не знам кому му било потребно она што се случи, во секој случај не нам“, истакна рускиот челник.„Разбирам дека секоја држава има свои регионални интереси, и ние секогаш ги почитуваме. Но никогаш нема да толерираме такви престапи како денешниот“, рече Путин. Изрази притоа надеж дека „меѓународната заедница ќе најде сили да се обедини против заедничкото зло (тероризмот)“.Претходно во изјавата Путин нагласи дека соборувањето на рускиот „Су-24“ излегува од рамките на борбата против тероризмот, и оти тоа претставува „удар во грбот“ на Русија од страна на соучесниците на терористите. „Денешната загуба е поврзана со ударот што ни го нанесоа зад грб поддржувачите на тероризмот“. Поинаку не можам да го квалификувам тоа што се случи денеска“, рече рускиот челник. Соопштувајќи ги пред новинарите податоците од руското министерство за одбрана дека рускиот авион бил соборен над територијата на Сирија со ракета „воздух-воздух“ истрелана од турски „F-16“ кога „Сухој-от“ бил на височина од 6.000 метри и на оддалеченост од еден километар од турската граница, Путин заклучи дека рускиот воздухоплов изведувал операции против џихадистичката Исламска држава и оти е очигледно дека тој не претставувал никаква закана за Турција.Меѓутоа Путин не пропушти да го истакне она што повремено го пишува западниот печат, односно дека одамна е утврдено дека во Турција се доставува нафта од областите во Сирија кои се под контрола на терористите.„Одамна го имаме утврдено тој факт, дека на територијата на Турција заминуваат големи количества нафта и нафтени производи од териториите кои го контролира Исламската држава“, рече Путин. Според него од тука произлегувала и „најголемата финансиска поткрепа за злосторничката група“. „Сега уште и нé удираат в грб, ги напаѓаат нашите авиони кои се борат против тероризмот“, продолжи Путин.Истакна и дека нападот на Турција врз рускиот „Су-24“ се одиграл и покрај фактот дека „со американските партнери потпишавме договор за спречување на инцидентите во воздухот (над сирија), а Турција како што е познато е меѓу оние кои изјавија дека војуваат, наводно, со тероризмот во составот на американската коалиција“.„Доколку Исламската држава има толку пари, а се смета со десетици, стотици милиони, а можеби и милијарди долари, тие потекнуваат од трговијата со нафта, а и покрај тоа тие имаат заштита од страна на вооружените сили на цели држави, тогаш е разбирливо зошто тие се однесуваат толку дрско, зошто ги егзекутираат луѓето на најѕверски начини, зошто тие извршуваат терористички напади по целиот свет, вклучително и во срцето на Европа“, рече Путин.Оцени дека обраќањето на Турција до нејзините партнери од НАТО во врска со инцидентот со рускиот авион укажува на обид да се стави Алијансата во служба на Исламската држава. Путин истакна дека по инцидентот со рускиот бомбардер „наместо да стапат веднаш во неопходниот контакт со нас, како што е познато, турската страна се обрати до своите партнери во НАТО за разгледување на тоа прашање“.„Што ќе беше доколку ние урневме нивен авион, а не тие наш?… Сакаат ли НАТО да го стават во служба на Исламската држава?“, рече Путин./крај/мф/сн

Извор: ТАСС

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ4 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ5 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија6 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија8 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија8 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ9 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија11 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија11 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија12 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ13 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ13 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија14 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион14 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет15 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа16 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион17 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија17 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија17 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...