Вести
Путин со кралот Салман и Роухани за решавање на сириската криза
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/4192733.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал во средата за прекин на огнот во Сирија со саудискиот крал Салман кој ги поддржува сунитските сириски бунтовници и со својот ирански колега Хасан Роухани, чијашто земја ги поддржува алавитскиот (шиитски) претседател на Сирија, Башар ал-Асад.
„Саудискиот крал го поздрави договорот за примирјето и изрази подготвеност за заеднички со Русија да дејствува со цел за негово имплементирање“, соопшти во средата Кремљ.
Роухани и Путин потсетиле на „важноста од соработката меѓу Русија и Иран во решавањето на сириската криза, особено во бескомпромисната борба против Исламската држава, Џебхат ан-Нусра и другите терористички организации кои се наоѓаат на црната листа на Советот за безбедност на ОН“, соопшти кабинетот на рускиот претседател.
Разговорите следа по телефонскиот повик на сирискиот претседател Башар ал-Асад кој на Путин ми соопшти дека ќе го почитува на руско-американскиот договор за примирјето меѓу владата и вооружената опозиција во Сирија.
Асад во вторникот ги прифати примирјето коешто траба да стапи на сила во сабота и не се однесува на терористичките групи Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, која е сириското крило на Ал Каеда. Пота тоа го потврди и во телефонски разговор со рускиот претседател.
Путин изјави дека американско-рускиот план претставува конкретен чекор нанапред во напорите да се запре петгодишното крвопролевање и пример за борбата против тероризмот.
Рускиот претседател потоа разговарал и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со кого, како што извести Кремљ, разговарале за „ситуацијата на Блискиот исток“.
Сириската вооружен опозиција допрва, која во вторникот условно го прифати примирјето, треба да одлучи дали ќе го прифати американско-рускиот план за прекин на борбите во Сирија во сабота., изјави во средата главниот опозициските преговарач Мохамед Алуш. Според него, конечниот одговор ќе го дада Високиот преговарачки комитет (HNC) чиј член е и Алуш. „Имаме време до петокот“, изјави за AFP Алуш кој го води политичкото крило на исламистичката бунтовничка група Џаиш ал-Ислам. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.