Контакт

Вести

Путин во друштво на Ердоган и Абас ја осуди IS на отворањето на најголемата џамија во Москва

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин, во друштво на турскиот, палестинскиот и пакистанските претседатели Реџеп Тајип Ердоган, Махмуд Абас односно Мамнон Хусаин и други светски челници, во средата ја осуди џихадистичката организација Исламска држава (IS) во говорот по повод отворањето на најголемата московска џамија која може да прими до десет илјади верници, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Гледаме што се случува на Блискиот исток, каде што терористите на ткн Исламска држава ја срамотат оваа голема светска религија исламот. Тие ги убиваат луѓето, па и свештеници, и варварски ги уништуваат спомениците на светската култура. Нивната идеологија се темели на лаги, на сквернавење на исламот“, истакна рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето во централната московска џамија заблагодарувајќи им се на руските исламски челници и свештенство за напорите што ги вложуваат да ги спречат обидите врбувања на младите во редовите на екстремистите.

Русија со децении се справуваше со исламистичкиот бунт на екстремистите во руските републики на Кавказ, в Чеченија, Дагестан и Ингуштетија, каде што последните години откако беше прогласен ткн Кавкаски калифат беа ликвидирани позначајните водачи на милитантнтите групи. Според неодамнешните процени на руските служби, до 2.500 руски државјани, претежно заминале во редовите на Исламската држава на боиштата во Ирак и во Сирија каде што дејствуваат во групација под името „Џунуд Кауказ“ (Воини на Кавказ).

Централната московска џамија е најголемиот храм на муслиманската заедница во руската престолнина која има околу двесте илјади верници. Новата џамија е подигната на место до старата, изградена во 1904 година, и била единствената активна во Москва во советскиот период. Нејзината целосна реставрација којашто опфаќа и доградби чинела околу 170 милиони долари, собрани од приватни донации, како и со помош на владите на Турција и на Казахстан. Џамијата свечено е отворена пред големиот муслимански празник Курбан бајрам.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во својот говор се фокусираше на влошената ситуација со бегалската криза и реакциите на неа од страна на Европската унија, велејќи дека му е „многу тешко да види како луѓето се лишуваат од правото на исповед на религијата, зачувување на своите корени и својата земја, но и основното право – правото на живот“. „Русија претставува многу јасен пример за добрососедство и мирно егзистирање под еден покрив на луѓе од разни конфесии и етничко потекло“, додаде Ердоган.

Палестинскиот челник Махмуд Абас, пак, во своето обраќање потсети на недоволната соодветна заштита на муслиманските и на христијанските светии во Ерусалим и во Палестина и ја повика меѓународната заедница да се ангажира тие да бидеа „безбедни како што беа пред палестинските територии да бидат окупирани од Израел“. Порача дека „Најостро ги осудуваме сите дејствија од страна на израелските окупациски власти да им се забрани на муслиманите пристапот до светата џамија ал-Акса“, во Ерусалим, едно од трите најсвети места на исламот, на Платото на џамијата, кое Евреите го нарекуваат Брдото на храмот каде што се наоѓаат остатоци од древно јудејско светилиште./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет2 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет6 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет7 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет10 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет10 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет11 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет11 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет12 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет12 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија12 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет13 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет13 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет16 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија17 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет17 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет22 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет23 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија24 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет1 ден

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...