Контакт

Вести

Путин во посета на Индија во обид да договори соработка во областа на енергетиката и одбраната

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин во среда доцна навечер по локално време пристигна во посета на Индија, со надеж дека ќе ја зацврсти руско-индиската соработка на подрачјето на енергетиката и одбраната.

dobivaj vesti na viber

 

 

Посетата на Путин започнува со средба со индискиот премиер Нарендра Моди во четврток, по што руската и индиската страна би требало да потпишат редица договори за соработка што се однесуваат на нафтата, гасот, нуклеарната енергија, трговијата со дијаманти и одбраната. Попрецизно, двете земји ќе потпишат 20 договори на подрачјето на цивилното користење на атомската енергија, одбраната и трговијата, објави индиската новинска агенција ИАНС.

 

Руската државна компанија Росатом за време на посетата објави дека ќе ја преземе грижата за 12 нуклеарни реактори во Индија за период од 20 години.

 

Рускиот амбасадор во Индија Александер М.Кадакин изјави во понеделникот дека за време на посетата на Путин се очекува потпишување на „сериозен документ“ околу нуклеарната соработка на двете земји. Русија, рече Кадакин, се согласила да изгради околу 16 нуклеарни централи во Индија, која бараше изградба на 24 централи.

 

Путин во Индија пристига во момент кога руската економија е во пад заради западните санкции воведени на Русија заради нејзината наводна улога во украинската криза, како и заради намалувањето на цените на нафтата.

 

Со Путин пристигнаа и 15 члена економска делегација, која ќе се сретне со претставници на индиски компании.

 

Путин, кој во Њу Делхи ќе ја отвори светската конференција за дијаманти, во четврток вечер треба да се сретне со индискиот претседател Пранаб Мукхерџи, по што ќе се врати во Москва.

 

Индија и поранешниот Советски Сојуз за време на Студената војна има блиски односи, а Русија како наследничка на Советскиот Сојуз сега се обидува да ги обнови и засили економските врски со Индија, по несогласувањата во врска со прашањата на одбраната.

 

Индија не ги поддржува западните санкции кон Русија, а средбата би можела да предизвика тензии во американско-индиските односи, во пресрет на посетата на американскиот претседател Барак Обама на Индија предвидена за јануари. /крај/хн/ст

 

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет2 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет2 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет2 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет2 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет12 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија15 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет15 часа

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ16 часа

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ21 час

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет22 часа

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија22 часа

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија24 часа

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион1 ден

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија2 дена

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија2 дена

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија2 дена

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија2 дена

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...

Македонија2 дена

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од...