Вести
Расте бројот на жртвите во бомбардирањето на предградие на Дамаск

Меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници (MSF) соопшти дека најмалку 70 луѓе загинале а повеќе од 500 се ранети во текот на воздушни и артилериски бомбардирања во петокот во предградие на сириската престолнана Дамаск, во соопштението поставено на официјалниот сајт на организацијата, а истовремено сириската армија објави дека продолжува со нападите врз истите области кои се под контрола на исламистичките бунтовнички групи.
„Најмалку 70 луѓе се убиени и 550 се ранети во воздушни и артилериски гранатирања на пазар во петокот во областа Дума во близина на Дамаск“, се наведува во соопштението на организацијата. Притоа MSF, како и опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, не наведува која страна ги извршила нападите.Покрај тоа, не се споменува и дали загинатите и ранетите се цивили или вооружени припадници на вооружените бунтовнички групации. Предградијата на Дамаск, кои се со мнозинско сунитско население, инаку, од почетокот на бунтот се под контрола на бунтовничките иламистички групации од каде изведуваат минофрлачки напади врз владини и цивилни објекти во центарот на сириската престолнина. Од Лекари без граници за агенцијата РИА не одговориле за изворот на нивните информации.Истовремено во саботата сириската армија соопшти дека продолжува си нападите „исклучително по позициите на бунтовниците“, и дека немало гранатирања на станбени објекти.„Сите информации за воздушни удари врз цивили во предградијата на Дамаск и Алепо се апсолутни невистини. Нашите авиони ги нападнаа позициите на терористите. Беа погодени цели кои претходно беа дефинирани, каде што нема цивилно население. Уништено е складиште со муниција и локација на борци на вооружените групации“, соопшти командата на сириската армија“, во изјавата што ја пренесува државната новинска агенција SANA.Претходно во саботата, во своето обраќање во Женева, за ова бомбардирање во Сирија зборуваше и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, велејќи дека „вчера десетици луѓе беа убиени, а многу други беа ранети, кога сириските владини сили истрелаа проектили на пазар во Дума“, пренесе AFP.Меѓутоа, Бан притоа не прецизираше на кои извори се засноваат неговите сознанија. Претходно ОН издаде соопштение во врска со жртвите во воздушни напади во Сирија, но потоа нејзините портпароли потврдија дека нивните податоци не се базираат на сознанија на светската организација, туку на непроверени извештаи од медиуми и невладини организации./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.