Вести
Речиси сто убиени во минатонеделните судири во Кина
Речиси сто луѓе се убиени оваа седмица во нападите врз полициска станица и владини канцеларии во оддалечената кинеска западна Синџијанг-ујгурска автономна област, објавија во неделата кинеските медиуми.
Како што пренесува државната кинеска агенција Синхуа, безбедносните сили во округот Шаче на крајниот југ од провинцијата Синџијанг ликвидирале 59 лица кои ги квалификуваат како терористи, додека во нападите кои се случија на 28-ми јули загинале 37 цивили. Агенцијата истакнува дека станува збор за еден од најсериозните напади што ги вршат припадниците на малцинските муслимани Ујгури последните години. Синхуа, исто така, јавува дека „полицијата запленила ножеви и секири, како и плакати кои повикуваат на света војна“. Во последните 18 месеци во Синџијанг убиени се неколку ститици луѓе, меѓу кои и имам од главната џамија во Кашгар, град на некогашниот Пат на свилата, кого ујгруските екстремисти го сметаа за човек близок на кинеските власти.Синџијанг е безбедносно најнестабилниот регион во Кина. На територијата на овој регион, според властите во Пекинг, дејствува терористичката организација Источен Туркестан, за која постојат сомневања дека е поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.Кина и претходно ги обвинуваше ујгурските сепаратисти и верските екстремисти за серија напади во покраината Синџианг и тврди дека сакаат да формираат независна држава којашто ќе ја нарекуваат Источен Туркистан базирана на екстремните исламистички прописи. Организациите за човекови права, пак, сметаат дека Пекинг ги предимензионира овие закани.Немирите досега не беа проширени надвор од покраината Синџианг, иако се претпоставува дека од 1997 година радикалните Ујгури се одговорни за бомбашки напади во кои се убиени стотици лица во некои слични такви напади.Ујгурите сочинуваа повеќе од 40 отсто од вкупно 21 милиони жители на овој регион. Повеќето од нив се населени во Кашгар и другите јужни делови на провинцијата и во последните години искажуваат незадоволство од нивниот статус во општествотоПокраината Синџианг зазема една шестина од вкупната државна територија на Кина граничи со Авганистан, Пакистан, Индија и Централната Азиска Република, а богата е со нафта, гас и јаглен. Автохтоното население се туркофони муслимани Ујгури, но во децениите населување на покраината со мнозинскиот кинески народ Хан од другите делови на Кина, денес во Синџианг Ујгурите се помалку од половината од населението.Постојаните тензии поради големите рестрикции на ујгурската јазична, културна и верска автономија кулминираа во јули 2009 година, кога во насилните судири меѓу Кинезите од народот Хан и етничките Ујгури во главниот град на провинцијата Уримкви, загинаа околу 200 луѓе, претежно припадници на народот Хан. Од тогаш кинеските власти погубија десетина лица осудени за поттикнување на насилни судири, уапсени и кривично гонети се стотици други, а безбедносните мерки се заострени во целата покраина. Во април 2013 година во близина на Кашгар, пак, во меѓуетничките судири загинаа 21 лице.Кина тврди дека вооружени групи Ујгури се поврзани со исламските милитанти во централна Азија и во Пакистан и ги обвинува дека вршат напади чија цел е да формираат независна држава која би ја именувале Источен Туркистан. Ова тврдење не е далеку од вистината, бидејќи последните години повеќе ујгурски активисти ги потенцираат нивната етничка поврзаноста со турската популација.Некои групи за заштита на човековите права, пак, тврдат дека Кина претерува со овие обвинувања, за да ја оправда својата политика на цврста рака./крај/мф/сн
Извор: Xinhua
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.