Вести
Рекордно производство на афион во Авганистан

Одгледувањето на опиумски афион во Авганистан достигнал во текот на минатата 2013 година незапаметени ниво и покрај долгогодишната борба проти догите којашто САД ги чинеле 7,5 милијарди долари објавија американски функционери.
Бирото на ОН за дроги и криминал објави дека авганистанските земјоделци одгледале опиумски афион на „незапаметени досега“ 209 илјади хектари, повеќе отколку во 2007 година кога растението било одгледувано на 193 илјади хектари, изјави Џон Сопко, американски инспектор од мисијата за обнова на Авганистан, додавајќи дека зголемено производство се очекува и за тековната 2014 година.
„Неодамнешното рекордно ниво на одгледување опиумски афион ја доведува во прашање ефикасноста и одржливоста на претходните напори“ на американсата валда и коалициските партнери додава Сопка.
Во Авганистан се произведува повеќе од 80 отсто од светското производство на опиум, а од профитот се финансираат талибаните. САД објавија дека на борбата против дрогите во Авганистан од 2001 година кога со инвазија беше соборен талибанскиот режим потрошиле 7,6 милијарди долари.
Сопко истакнува и дека вредноста на афионот и на опиумот произведени во Авганистан во 2013 година достигнал околу три милијарди долари, додека претходната 2012 година изнесувала две милијарди американски долари.
Инаку во 2010 година првиот светски производител на опиум во светот Авганистан, стана и главен светски производител на хашиш и го надмина Мексико, објави канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрогата. Во Авганистан секоја година се одгледуваат меѓу 1.500 и 3.500 тони хашиш, а со канабис се засејуваат околу 20 илјади хектари.
Годишниот приход од производството на хашиш во Авганистан претставува меѓу 10 и 20 отсто од годишниот приход на опиум, што за минатата година изнесуваше 438 американски долари. Хашишот за авганистанските земјоделци станува сé поинтересен, затоа што е евтин за одгледување, но најевтин и понатаму останува афионот./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.