Контакт

Вести

Републиканците прoтив промена на курсот кон Куба

Објавено пред

Сенаторите Џон Меккејн и Линдзи Греам, двата водечки републикански експерти за надворешна политика, ги осудија во средата чекорите и плановите на претседателот Барак Обама за ублажување на политиката кон Куба којашто повеќе од половина век е под американски санкции.
 

dobivaj vesti na viber

Сенаторите Џон Меккејн и Линдзи Греам, двата водечки републикански експерти за надворешна политика, ги осудија во средата чекорите и плановите на претседателот Барак Обама за ублажување на политиката кон Куба којашто повеќе од половина век е под американски санкции.

 

Промената на политиката ја одразува „пропаста на Америка и на нејзините вредности“, наведуваат сенаторите во соопштението, едно од неколкуте коишто ги издаде Републиканската партија откако стана познато дека претседателот Барак Обама телефонски разговарал со кубанскиот водач Раул Кастро, и во средата како прв чекор на подобрување на меѓусебните односи двострано беа ослободени повеќегодишни затвореници.

Станува збор за „примирување на автократските диктатори, насилници и наши противници, што води кон намалување на американското влијание во светот“, истакнуваат натаму сенаторите Џон Меккејн и Линдзи Греам. Двајцата ќе извршуваат важни надворешнополитички должности во Сенатот во кој мнозинството го имаат републиканците и кој ќе заседава во јануари.

Претседателот на Претставничкиот дом, Џон Бонер, остро ја критикуваше промената на насоката на Обама кон Куба нарекувајќи ја „уште еден во низата бесмислени отстапки на свирепата диктатура“. „Односите со режимот на Кастро не треба да се менуваат, а не, пак, да се нормализираат, се’ додека кубанскиот народ не биде слободен“, истакна Бонер во изјава.

Републиканскиот сенатор Џеф Флејк, кој се врати од Куба заедно со хуманитарниот активист Алан Грос кој беше ослободен по пет години одлежани во кубански затвор, изјави дека верува дека сепак мнозинството негови колеги ја поддржуваат промената на американската политика кон Куба. „Мислам дека повеќето мое колеги сметаат дека тоа одамна требаше да го сториме и мислам дека таквата политика е добра“, рече Флејк, републиканец од сојузната држава Аризона. Додаде дека САД треба да отворат амбасада во Хавана и да именуваат амбасадор во оваа комунистичка островска земја на Карибите.

Флејк истовремено му се спротистави на сопартиецот Марк Руби кој го критикуваше планот на претседателот Обама за нормализација на односите со Куба и најави противење на секоја одлука за укинување на 50-годишното ембарго против оваа земја.

Сенаторот Рубио во средата ја критикуваше одлуката на Обама за попуштање на односите со Куба, велејќи дека Белата куќа премалку добила со промена на политиката кон оваа комунистичка земја. „Белата куќа се’ даде, а малку доби“, рече Руби, републиканец од Флорида, каде е најголемиот дел од кубанските бегалци противници на власта на браќата Кастро, а и самиот има кубанско државјанство. Најави и дека ќе се спротистави на настојувањата на Белата куќа да именува амбасадор и да финансира амбасада, за да ја поттикне американската администрација да го реши кубанското прашање.

Претходно во средата тројцата кубански разузнавачи кои 16 години беа во американските затори се вратија во Куба, а Хавана го ослободи американскиот хуманитарен активист Грас, објави кубанскиот претседател Раул Кастро.

„Жерардо, Ранон и Антонио стигнаа денеска во татковината“, изјави кубанскиот претседател за тројцата преостанати ткн „антитерористички херои“,познати во јавноста главно по нивните имиња. Станува збор за 49-годишниот Жерардо Ернандез, 51-годишниот Рамон Лабанин и 56-годишниот Антоние Хереро.

Кастро ги потврди претходните пишувања на американските медиуми дека во вторникот разговарал телефонски со американскиот претседател Барак Обама кој треба истото да го објави, во рамките на промената на политиката на САД кон Куба, и за нормализирањето на односите со долгогодишниот непријател.

Кубанците од своја страна го ослободија американскиот хуманитарец 65-годишниот Алан Грос уапсен на 3-ти декември 2009 година а потоа подизведувачот на Американската агенција за меѓународен развој (USAID) го осудија на 15 години затвор за увоз на забранети технологии и обид за воспоставување тајни интернет услуги за кубанските Евреи Алан Грос, кој пет години мина во затвор.

Штом Грос пристигна во воздухопловната база „Ендрјуз“, го прими државниот секретар Џон Кери, според Стејт департментот. Кери соработувал со кубанскиот министер за надворешни работи и со претставници на Ватикана за да го издејствува ослободувањето на Грос, а му посака добредојде и „ја изрази својата преголема среќа што Алан Грос сега е слободен и повторно со своето семејство на американска територија“, се додава во соопштението./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија7 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија8 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија8 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија9 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија10 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет10 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија11 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија12 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија12 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет12 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет13 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет14 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет14 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа14 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет14 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет15 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...