Контакт

Вести

Републиканците разгледуваат можност за замена на Трамп како кандидат

Објавено пред

Правниците на Националниот комитет на Републиканската партија (RNC) ги проучуваат правните аспекти за можната замена на Доналд Трамп со друг кандидат на претседателските избори на 8-ми ноември, пишува Politico повикувајќи се на извори блиски до републиканскиот комитет.
 

dobivaj vesti na viber

Правниците на Националниот комитет на Републиканската партија (RNC) ги проучуваат правните аспекти за можната замена на Доналд Трамп со друг кандидат на претседателските избори на 8-ми ноември, пишува Politico повикувајќи се на извори блиски до републиканскиот комитет.

 

Претходно челникот на RNC, Ринс Прибас, изјави дека јавното омаловажување на Доналд Трамп на сопартијците конечно ја закопало шансата за победа на Републиканската партија на претседателските избори. Според него, комитетот има 48 часа да ја разгледа предизборната стратегија, рекол за Politico, еден од учесниците на разговорите меѓу партиските челници.

Правниците на Комитетот ја разгледуваат можноста за замена на претседателскиот кандидат, без разлика што до денот на одржувањето на изборите останува само еден месец, гласачките ливчиња се веќе отпечатени, а во неколку сојузни држави веќе има предвремено гласање.

„Армија правници го проучуваат ткн ‘Правило бр 9’, коешто овозможува да се номинира нов кандидат во случај на доброволно повлекување на претходниот, или во случај на негова смрт. Трамп изјави дека нема намера да отстапи, така што во секој случај, партијата ќе продолжи да работи со него“, изјавил за Politico еден од високо рангираните републиканци.

Централниот орган на партијата ги повикал регионалните челници да се придржуваат до моменталниот партиски курс, барем засега, заклучува изданието. Портпаролот на републиканците не ја коментирал ваквата сложена ситуација.

Подоцна агенцијата Associated Press објави дека Републиканската партија ќе се состане во понеделник, откако во неделата ќе се одвива втората телевизиска дебата меѓу двајцата кандидати во Сен Луис, на заседание на Националниот комитет на партијата. Сепак, како што се прецизира, темата на заседанието не е посочена.

Изминатата седмица The Washington Post објави видео од 2005 година во која Трамп во разговор со водител на телевизиско шоу вулгарно се изразува за жените и за неговите однесувања кон нив, темпирана непосредно пред клучната во недела дебата со Хилари Клинтон.

Трамп се извини за тие зборови од пред 11 години, но Прибас, како и републиканскиот кандидат за потпретседател Мајк Пенс, актуелниот потпретседател Џозеф Бајден и републиканскиот кандидат за изборите во 2008 година Џон Меккејн, кандидатот Мит Ромни, поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот Арнолд Шварценегер и поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс силно го осудија Трамп,

Сепак резултатот на оваа објавување на старата снимка во моментот кога нему му беа потребни гласовите од женскиот дел од електоратот и од неопределените гласачи, е намалената поддршка за Трамп во последните 48 часа, вклучително и од влијателните републиканци.

Телевизиското соочување, кое се смета за клучно, ќе се одржи на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис во сојузната држава Мисури, во 20 часот по локално време (3 часот по македонско), со учество на два модератора и публика од неодлучени избирачи, а директно ќе биде пренесувано на најголемите телевизиски станици.

Трамп ќе се обиде да се извлече од кризата, а Клинтон ќе настојува да ја убеди јавноста уште повеќе дека тој не е компетентен за претседателката должност.

Според изјавите на Трамп од саботата, се насетува дека Трамп ќе ја дозира понизноста, повторувајќи ги извинувањата со тврдења дека се изменил, и ќе ја нападне Клинтон, поради закани за жените кои го обвинуваа нејзиниот сопруг поранешниот претседател Бил Клинтон дека сексуално ги напаѓал и силувал. Во саботата Трамп на Twitter постави порака од жена од 1999 година која тврди дека неказнето во1978 година ка силувал Бил Клинтон.

Трамп ќе треба да ја подготви цврстата подготвеност да ја изведе кампањата до крај како верност кон гласачите и покрај повиците од републиканските пратеници да се повлече од трката.

Политикологот од Универзитетот Вирџинија, Лери Сабато, предвидува за AFP дека „Трамп нема да изгуби ниеден глас во својата изборна база, бидејќи ним не им е грижа, но магнатот нема да успее да ја зголеми својата база на поддршка“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија13 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ15 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија16 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија16 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија18 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа19 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија19 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија20 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија20 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет20 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет20 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа22 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа22 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа22 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 дена

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија2 дена

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...