Вести
Републиканците за нуклеарната проба го обвинуваат Обама, од Кина бараат да го заузди Пјонгјанг
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/tramp20prst-1.jpg)
Претендентите за номинација на претседателските избори на Републиканската партија го обвинија во средата за „промашена“ надворешна политика актуелниот претседател Барак Обама од Демократската партија во врска со активностите на Северна Кореја со нуклеарното вооружување, а Доналд Трамп, кој засега ужива најголема поддршка од Американците, побара од Кина да го заузди својот сојузник или ќе се соочи со непријатни трговски последици.
Северна Кореја во средата објави дека тестирала минијатурна хидрогенска бомба, тврдејќи дека со тоа значително ја зголемила својата ударна моќ. Некои експерти јавно изразија сомневање дека станува збор за тестирање на вистинска хидрогенска или термонуклеарна бомба.
Милијардерот Доналд Трамп, кој води во анкетите во трката за републиканската номинација за претседателските избори кои ќе се одржат овој ноември, изјави дека САД на прават доволно за Кина да ја направат поодговорна за потезите на Северна Кореја, чиј единствен сојузник е токму Пекинг.
Кинеското министерство за надворешни работи, инаку, претходно објави дека Кина воопшто не била предупредена за никакво тестирање на хидрогенска бомба, како и дека откако Пјонгјанг објави, го евакуирала своето население од пограничните области.
„Никој со нив воопшто не разговара, никој за тоа не дискутира со Кина, а таа, верувајте ми, има целосна контрола. Северна Кореја не би имала што да јаде без Кина. Тие велат дека немаат, но Кина има целосна контрола над Северна Кореја, и таа би морала да го реши проблемот“, изјави Трамп за телевизиската мрежа Fox News.
„А доколку не го решат проблемот, ние на Кина би требало да ѝ ја загорчиме ситуацијата“, рече Трамп нарекувајќи го „лудак“ младиот севернокорејски челник Ким Јонг-Ун.
Слично реагираа и другите републикански кандидати. „Ако веста за нуклеарниот тест биде потврдена како веродостојна, тоа ќе биде само последниот во низата примери на промашената надворешна политика на Обама и (поранешната државна секретарка и најверојатна демократска претседателска кандидатка Хилари) Клинтон“, напиша сенаторот Марко Рубио./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.