Контакт

Вести

Републикански сенатор остро ја критикуваше Хилари Клинтон

Објавено пред

Републиканскиот сенатор Ранд Пол изјави во неделата дека она што Хилари Клинтон го покажала во текот на мандатот на државен секретар на САД ја доведува во прашање нејзината квалификуваност да се кандидира за претседател на државата, напаѓајќи ја неколку часа пред официјалното започнување на кампањата за претседателска номинација во Демократската партија за изборите во 2016 година.

dobivaj vesti na viber

Поранешната американска државна секретарка и „прва дама“ на САД, Хилари Клинтон во неделата по вторпат тргнува во трката за претседателската номинација на Демократската партија и се смета за фаворит. Првиот пат беше поразена во 2008 година од актуелниот претседател Барак Обама.

Републиканскиот сенатор Ранд Пол во неделата ги повтори своите стари критики поради пристапот што го имала Клинтон во врска со исламистичкиот напад врз американскиот конзулат во северниот либиски град Бенгази во 2012 година, кога беа убиени американскиот амбасадор и уште тројца припадници на обезбедувањето на дипломатското претставништво. Се наврати и на неодамнешните прашања во врска со странските донации за хуманитарната фондација којашто ја основаше со својот сопруг, 42-от американски претседател Бил Клинтон.

„Клинтон со познати по тоа што сметаат дека се над законите“, рече за CNN сенаторот од сојузната држава Кентаки, кој неодамна ја објави својата кандидатура за претседателската номинација на Републиканската партија и според многумина е фаворит.

Фондацијата Клинтон прифаќала донации од земји како што е Саудиска Арабија (којашто се смета за спонзор на ултраконзервативните исламски движење низ светот), „поради што тешко може да се верува дека таа (Хилари) е искрена“, рече сенаторот Пол. „Рекоа дека нема да примаат донации за Фондацијата Клинтон додека таа е државна секретарка, а се поставува прашањето дали тоа навистина го правеле“, додаде.

Фондацијата Клинтон, која се претставува како фактор на намалувањето на цените не лековите за луѓето заразени со ХИВ во земјите во развој, одговори дека соработката со странските влади е клучна во нејзината хуманитарна работа, пренесе Reuters.

Во смисла на нејзиниот пристап на исламистичкиот напад во Бенгази, кој републиканците го сметаат без преседан, поради необезбедувањето информации дека е можен напад во текот на протестите, сенаторот Пол запраша „дали таа би била таму за телефонски повик во 3 часот наутро“ како врховна командантка. Покрај тоа, смета дека целиот нејзин јавен живот бил во минатото лесна цел за критики во претстојната кампања.

Кога станува збор за инцидентот во Бенгази, Клинтон ја брани својата одлука американските дипломати да бидат распоредени на опасни локации, но признава дека нецелосните информации го зголемиле ризикот во овој либиски град во 2012 година. Во Бенгази, инаку, една година претходно започна бунтот против деценискиот либиски челник Моемер ел-Гадафи, кој го подржаа и САД, а денес е сцена на жестоки судири меѓу силите кои ги поддржува Западот и радикалните исламистички групации.

Американскиот државен секретар Џон Кери застана во одбрана на Хилари Клинтон, истакнувајќи дека таа направила одлична работа на обновување на американските односи во светот. „Таа направи извонредна работа на обновување на сојузништвата разорени претходните години“, изјави Кери за телевизиската мрежа ABC. Во изјавата за NBC News, дополни и дека Клинтон е „високо квалификувана“ за кандидатурата и изрази убеденост дека предизборната кампања ќе биде многу добра.

Во меѓувреме Кери потврди дека Стејт департментот има намера да ја заврши проверката на електронската пошта на Хилари Клинтон и ќе ги објави за околу еден месец. Последниот месец се појави и скандалот со однесувањето на поранешната државна секретарка која ги прекршила законските прописи, бидејќи за службена комуникација ја користела исклучиво приватната електронска адреса, а не службената, како што бараат внатрешните директиви на американската администрација.

„Стејт департментот во моментов ја проценува таа електронска коресподенција. Тоа ќе трае околу еден месеца или малку повеќе. Но ние ќе ги објавиме сите писма соодветно…“, рече Кери за телевизиската мрежа CBS. Истакна дека „преписката сега ја проучуваат со цел да не бидат објавени доверливи информации“.

Кери, исто така, истакна дека самиот тој целата преписка ја води „од службената адреса на Стејт департментот. „Сета моја преписка е заштитена со системот за безбедност на комуникациите на Стејт департментот“, додаде американскиот државен секретар./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија12 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија13 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија14 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ15 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија17 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија18 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија18 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија18 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа18 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет19 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет20 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет21 час

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет21 час

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет21 час

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија2 дена

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...