Контакт

Вести

Рон Пол: Сорос преку Украина сака Американците да ги држи на јадица

Објавено пред

Џорџ Сорос со помош на Украина сака Американците да ги држи на јадица, а од испораките на оружје за Киев којшто војува со бунтовниците во рускојазичниот исток, ќе загубат само американските даночни обврзници смета американскиот политичар Рон Пол, во низата реакции во САД откако пред неколку дена групата хакери којашто се нарекува „КиберБеркут“ и очигледно е проруски настроена објави наводна преписка меѓу американскиот милијардер и украинските власти.

dobivaj vesti na viber

Според содржината на објавената преписка, Џорџ Сорос уверува дека САД мора да ѝ достават на Украина смртоносно оружје, за што американскиот претседател Барак Обама инаку сé уште се нема одлучено и покрај минувањето на предлогот во Конгресот, и покрај тоа да ги обучуваат тајно во странство украинските војници.

И покрај прекинот на огнот, пишува натаму аналитичарот, Сорос заткулисно ја промовира идејата за доставување на Украина скапи оружја. „Се разбира, сметките ќе мора да ги платиме ние, бидејќи Украина нема пари“, смета Рон Пол.

Американскиот политичар во својата неделна колумна пишува дека Сорос го користи своето влијание во владата на САД, за да го фати американскиот народ во стапицата на банкротираната Украина.

Испораките на смртоносното оружје за Украина, ќе го израдува воено-индустрискиот сектор во САД, политичките брокери, како и банкарите, пишува Рон Пол, истакнувајќи дека од сето тоа само ќе загубат американските даночни обврзници.

„Никој, се чини, нема намера да запраша зошто ние воопшто сме вклучени во ситуацијата околу Украина? Дали е наша работа доколку Истокот сака да се отцепи од Западот (на Украина – з.м)? Дали виталните интереси на САД имаат нешто со луѓето кои живеат во Донецк?“, пишува Пол.

Хакерската група „КиберБеркут“објави преписка за којашто тврди дека е дел од комуникацијата на американскиот милијардер Џорџ Сорос и украинските власти, во прв ред претседателот Петро Порошенко. Според, објавените материјали, Сорос смета дека САД мораат да ѝ достават смртоносно оружје на Украина и нејзините војници да ги увежбуваат тајно во странство, на пример во Романија.

Покрај тоа, според објавените документи на кои се повикуваат хакерите, американскиот генерал Весли Кларк и полскиот генерал Валдемар Скшипчак мора да му помогнат на Петро Порошенко да најде начин да воспостави борбена способноста на украинската армија во услови на примирјето според договорот постигнат на 12-ти февруари во белоруската престолнина Минск.

Претходно во врска со хакираната преписка на Сорос и властите во Киев, американскиот политички колумнист Ерик Зјус смета дека крајната цел на американскиот милијардер и берзански шпекулант е смената на власт во Москва.

„И покрај тоа што би било пожелно да се има Русија како партнер, а не како непријател, тоа е невозможно сé додека Путин продолжува со својата сегашна политика“, наводно пишува во едно од писмата, што според американскиот новинар значи дека Сорос се стреми кон заменување на рускиот претседател со друга личност, како што тоа претходно се случи во Украина со соборувањето на претседателот Виктор Јанукович.

Сорос во споменатите преписки големо значење му придава на реформирањето на украинската економија, бидејќи смета дека поради тоа „многу и многу Руси ќе сакаат да го следат украинскиот пример“, според цитираните документи објавени од хакерите.

Американскиот колумнист забележува дека во жителите на Донбас, каде што повеќе од година се водат судири меѓу силите лојални на прозападните власти во Киев и рускојазчините бунтовници кои се свртени кон Москва во кои загинаа над 6.400 луѓе според ОН, воопшто не постојат за Сорос. „Во своите инструкции до украинските власти милијардерот не ги зема предвид жителите на таа област и дури не ги смета како фактор во вооружениот конфликт, тој тврди дека украинската армија не се бори со локалните жители, коишто ги заштитуваат своите семејства, туку со ‘руски војници’“, пишува натаму Зјус.

Писмото започнува со признанието дека украинската војска двапати не успеала и претрпела пораз во обидите да го врати Донбас под контрола на Киев. „Сорос кого претставува ‘планот за трета инвазија’, која треба да уследи откако Западот ќе ја консолидира украинската армија и ќе ја зацврсти својата контрола над неа“, вели Зјус.

Американскиот колумнист и блогер ги интерпретира писмото на Сорос како дека „САД се должни да испратат оружје и инструктори, за да бидат соучесници во крвопролевањата и победата над путинска Русија, а не над жителите на Донбас кои дури и не постојат“. Меѓутоа, „до пред превратот во Украина, организиран од САД, целата нација живееше во мир“, забележува Зјус./крај/мф/сн

 

Извор: РИА Новости

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ1 час

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија3 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија4 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија4 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ4 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија4 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија4 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет6 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа6 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет8 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет8 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет8 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет8 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа9 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија19 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет19 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет22 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет22 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...