Контакт

Вести

Роуз Готемилер ја презема должноста заменик генерален секретар на НАТО

Објавено пред

Американката Роуз Готемилер ја презема во понеделникот должноста заменик генерален секретар на НАТО, втората највисока меѓународна должност во Алијансата, соопштија од НАТО.

dobivaj vesti na viber

Досега за позицијата генерален секретар на НАТО редовно се избира личност од Европа, а за негов заменик се избира американски функционер. Воедно Готемилер стана првата жена на оваа позиција.На местото заменик на генералниот секретар на НАТО таа го заменува амбасадорот Александер Вершбоу, кој оваа должност ја извршуваше од февруари 2012 година.Шеесет и тригодишната Роуз Готемилер претходно беше потсекретарка за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност во Стејт департментот, должност којашто ја извршуваше од февруари 2012 година. Претходно Готемилер ја предводеше делегацијата на САД во процесот на разработување на американско-рускиот Договор за мерките за натамошно намалување и ограничување на стратешкото вооружување, или познат како „Новиот СТАР“, кој стапи на сила на 5-ти февруари 2011 година. Во периодот 1993/1994 година била директор на одделот за Русија, Украина и Евроазија во Советот за национална безбедност на Белата куќа, а во 1999/2000 година беше помошник министер за енергетика за прашањата за нераспространување и меѓународна безбедност, а од 2006 до 2008 година беше и директор на Московскиот центар Карнеги./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија5 часа

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија9 часа

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија9 часа

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија10 часа

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија10 часа

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија12 часа

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија12 часа

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија13 часа

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија13 часа

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ14 часа

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија15 часа

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет16 часа

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет17 часа

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет18 часа

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет18 часа

(Видео) Иран лансира нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет18 часа

Шефицата на дипломатијата на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет18 часа

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет19 часа

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...

Свет1 ден

(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина...